
КАРАБАХ- Кревкиот мир кој траел 22 години во Нагорно Карабах прекршен е со судирите на вооружените сили на Азербејџан и Ерменија. Дводеценискиот “замрзнат конфликт“ екалира, а истиот би можел да постане нов полигон за судирање на силите како Русија и Турција. Судирите кои избувнаа на 2.април најголеми се после оние од 1994 година и потпишувањето на протоколот познат како Бишеков, а како наведува Стратфор, официјален Баку се обиддел да ги ублажи последиците од едностраното прогласување на примирје еден ден подоцна.
“Судирите станаа се почести во текот на минитата година, а заради и тоа што Баку во воен и дипломатски пат сака да присвои поголема територија. Се надеваат дека ќе добијат одстпак аод Ереван и дека ќе го скршат моменталниот статус кво на спорната територија во своја корист “, пишува Стратфор.
Понатаму се додава дека Баку има разработена стратегија и дека има значајна воена предност над Ерменија која ја стекна во претходната деценија. “ Тоа било можно благодарение на ресурсите кои обезбедуваат прилив на големи количини на пари. Напдите се случиле на планински терен на кој Ерменците не можат да се борат, а сето тоа е изведено така да се ограничо можен конфликт со Русија, која има значителни сили во Ерменија. Малите операции можат многу брзо да бидат прекинати пред Русија да реагира“, додава Стратфор. Сепак, како се потврдува, тие маневри не се во целост без ризик, со нбапомена дека Москва би можела да упати помош на својот сојузник, иако Азербејџан сака тоа да го избегне.“Брзото прекинување на огнот покажува дека Баку се обидува да помогне на претходните напори на Русија да се обезбеди траен мир, бидејќи Москва не сака тотална војна. Ако тоа се случи, Турција би моќела да реагира и да се вмеша, сакајќи да направи баланс на Кавказот. Баку разбира дека не може да се потпре на својата војска и се обидуваат да го сменат статусот кво.
И покрај јасните намери и вистинскиот план, ваквата стратегија би можела да предизвика поголем конфликт на што ниту една страна не е подготвена“, заклучува Стратфор. Вековниот судир околу Нагорно Карабах, кој кулминира во времето на Советскиот Сојуз кога Москва ова област на насели со претежно Ерменци и “припои“ на Азербејџан, го погаѓа целиот регион на Кавказот, стратешки значаен за транспорт на енергенти од Иран, Турција и пристаништата на Блискиот исток.
До ескалација на судирите дојде во ек на сериозна дипломатска криза помеѓу Русија, која ги одржува добрите односи со Ерменија и Турција како традиционален сојузник на Азербејџан. Турција претставува клучен сојузник на Азербејџан, со кој има блиски културни и јзични врски, додека со Ерменија нема дипломатски односи заради разлчиното толкување на масовното “убиство“ на Ермените во Османлиското царство во 1915 година, а кое Ерменија го смета за геноцид, а кое Турција постојано го негира. Турцинја од почетокот е на страната на Азербејџан и така ќе биде и во иднина, рекол турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, нарекувајќи го претседателот на азербејџан Илхам Алијев “брат“. Од друга страна рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров најави дека на 7.април ќе го посети Баку, додека истовремено премиерот Дмитриј Медведев ќе отпатува за Ерменија.









