ислам

Немири зафатија голем дел од муслиманскиот свет. Бруталната војна во Сирија веќе однесе 250.000 животи, од 21 милион луѓе во државата, половина од нив се раселени, а милиони бегалци азил бараат во Европа. Во Јемен, племето Хути се подигна против владата и се соочува со бомбардирања кои ги предводат Саудијците. Судири слични како овие се одразуваат на повеќе начини од кои најзначајни се конфликтите помеѓу двете исламски групации(секти) сунити и шиити и помеѓу фундаменталистите и реформаторите.

Сирискиот претседател Башар ал-Асад и неговиот алавитски режим имаат подршка од шиитскиот режим, и Иран, чие регионално влијание зависи од останокот на шиитскиот режим на власт. Тоа и всушност е причината заради што сунитските сили, најмногу Саудиска Арабија се посветени на уривање на тој режим. Од друга страна, владата на Јемен е под раководство на сунитите, така да таа има подршка од Саудиска Арабија. Тензиите помеѓу Иран и Саудиска Арабија се зајакнаа во последно време, што како тренд кулминираше со прекинување на допломатските односи.

Хаосот надвор од овие судири и нестабилноста на останатите земји во регионот, како што се Авганистан и Ирак, овозможи зајакнување на некои навистина презрени сили, започнувајќи од Исламаката држава (ИСИС). Таа група стекна толкаво влијание така да американските генерали побарале од претседателот Обама да одобри дополнителни трупи да придружат во борбата против неа. Освен тоа, постојат извештаи дека САД би можеле да го одложат повлекувањето на своите војници од Авганистан, каде бруталната војна против на Талибаните им овозможи да добијат територитории и овозможи активности на ИСИС. ИСИС исто така се проби и во Пакистан.

Елементи на религијата во судирите многу се застапени на Блискиот Исток, што претставува главна причина заради што било толку тешко да се смири ситуацијата. Расколот помеѓу сунитите и шиитите познат е и датира уште од 632 година кога почина пратеникот Мухамед а.с без оглед на тоа како исламската заедница која набрзина се ширеше требало да го избере оној на кого ќе го следат. Шиитите верувале дека позицијата требало да остане во потесното семејство на Пратеникот и го подржале Алија ибн Еби Талиб  роднината на пратеникот и зет. Сунитите го подржале изборот на постарите членови на заедницата, Ебу Бекр кој служел како близок советник на пратеникот.

Денес, повеќето од 1.6 милијарди муслимани на светот се сунити. Широко се распостранети по огромното пространство кое се протега од Мароко до Индонезија. После децении на миграции во Европа и Северна Америка, постојат и силни сунитски заедници во неколку западни земји.

Бројот на шиити е околи 225 милиони и тие географски се многи концентрирани. Иран со 83 милиони претставува држава со најголемо шиитско население, Пакистан со 30 милиони, и Индија со 25 милиони. Шиитската полумесечина која го подразбира Иран, Авганистан, Пакистан,Азербејџан,Ирак, Пакистан и Турција, сочинува 70% од вкупниот број на жители кои припаѓаат на оваа секта.

Овој географски распоред резултат е на низа историски несреќи , комбинации на освојувања и конверзации. Иако Исламот во Иран пристигнал по пат на освојувања во периодот од 637 до 651 година, во државата официјално не завладеал шиизмот во целиот следен милениум. 1501 година избршен е обид за присилна конверзација на сунитското население во земјата, во времето на шахот Исмаил и Сафавидската династија.

Шиизмот се шири низ Јужна Азија како резултат на обновени воени упади на персиските владетели во Авганистан и Индија. Денес популацијата на овие региони живее во урбани средини и вофлавном се состојат од потомци на војниците и другите државни функционери кои останале во освоените територии. Сунитите по прв пат се прошириле птеку Јужна Азија од страна на суфите од кои повеќето дошле од централна Азија и проповедала толерантен и инклузивен Ислам, отколку оној што бил на Арабскиот полуостров. Ама растечкото влијание на Саудиска Арабија после 1970 година, кога вртоглавите цени на нафта го зголемија богатството во земјата , помогнало во ширење на вехабиската секта. Освен тоа што привлекува милиони муслимански работници од Јужна Азија, Саудиска Арабија го оснивала и финансирањето на вехабиските медреса по должината на границата помеѓу Авганистан и Пакистан.

Студентите во Авганистан и Пакистан производи се на овие семинари, како милиците како што се Lashkar-e-Taiba и Lashkar-e-Jhangvi кои подготвувале напади на верските објекти во Индија.

Денешните превирања претставуваат одраз на судирите на теолошките и политички погледи на светот. Конзервативните сунити, односно приврзаниците на фундаменталистичкиот вехабизам, го фаворизираат теократското авторитарно владеење, додека умерените сунити преферираат либерален и сеопфатен политички систем. Истото е и со шиитите. Иран долго време остана заробен во технократското владеење, ама изгледа како наскоро да се ближи за реформи. Дали некогаш секташките поделби некогаш можат да се премостат, најверојатно зависи од тоа дали реформистите можат да добијат доволно влијание во двата табори. Доколку не, судирот и понатаму ќе продолжи, беснее и забрзува распадот на сегашниот регионален поредок.

Автор: Shahid Javed BURKI (Project Syndicate)

Авторот е некогашен министер за финансии на Пакистан и еден од потпретседателите на Светската банка.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here