ЕРДОГАН

Турскиот претседател Резеп Таип Ердоган денес ги критикуваше на САД  заради подршката на курдската Партија на демократското единство (PYD) во Сирија, истакнувајќи дека регионот е претворен во “базен со крв“ заради неспособноста на Вашингтон да ја разбере вистинската природа на ова група.

“Еј, Америко… нидејќи никогаш не гипризна дека ( се терористички групи), регионот го претвори во “базен со крв“, изјавил Ердоган, мислејќи на (PYD) и припадниците ја курдските Единоци за надорна заштита. (YPG).

Турција PYD ја смета за терористилка организација, потсетија агенциите.

“ Дали сте на наша страна или на страната на PYD и Работничката партија на Курдистан (ПКК)“,изјавил Ердоган.

Анкара тврди дека курдските групи во Сирија претставуваат огранок на ПКК, кои САД ја сметаат за терористичка организација и која минатиот месец изведен смртоносен напад во Турција, потврдува АФП.

kurdi

“Има ли разлика помеѓу PKK i PYD? Имаме пошувани докази. На Американците им велиме – тоа е терористичка група. Ама Американците велат – не, ние не ги гледаме како такви“, изјавил Ердоган.

Турција вчера го повикала американскиот амбасадор како би изразила загриженост, еден ден после изјавата на Стејт департментот , дека за разлика од Анкара, Вашингтон сириските Курди не ги признава како терористи.

Ова прашање доведе до затегнатост во односите на двата сојузници, а турскиот претседател Ердоган, Вашингтон дури го повика да одбере помеѓу Турција и курдската Партија на демократската Унија, како свој партнер.

Портпаролот на Стејт департментот Џон Кирби во понеделникот изјави дека САД “Партијата на демократската унија не ја признаваат како терористичка организација“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here