latakija

Од ден во ден, веќе пет години, вестите во светот преполни се со известувања од Сирија, а тие извештаи во секој случај се крајно трагични. Овие денови често се појавуваат и видео репортажи снимени со мало новинарско беспилотно летало над сириските градови. Сцените ни го откриваат апокалиптичниот степен на девастацијата- цели градови во урнатини и впечатокот дека меѓу тие урнатини, меѓу тие остатоци некогаш живи градови, сеуште се водат немилосрдни крвави борби за секое парче на срамнат бетон.

За она што се случи во еден Хомс или Алепо читавме во приказните од Втората светска војна. Во страшната Битка за Сталинград слушнавме како германските и советските војници до изнемоштеност се бореле за секој метар, секоја зграда, секој ходник, секоја соба… Со слична жестина траа и некои борби во Сирија каде досега, според поедини извештаи, погкинале и до 300.000 особи.

Згора на тоа, она што сириската војна ја прави исклучително брутална е фактот дека се вмешани речиси сире домашни, регионални и меѓународни актери. Колку што подолго трае војната така и сечии интереси во ова војна стануваат се поизразени. Никогаш ова не било само граѓанска војна бидејќи од првите денови бил подтикнуван од надвор, што представува една форма на надворешна агресија, ама денес Сирија е вистинска меѓународна арена каде се судираат најголемите регионални и светски сили.

Понатаму, Сирија е мулти-етничка држава и мулти-религиска држава, а тоа во вакви војни никако не може да излезе на добро. Фактот дека сеуште постои централна власт која ги собира луѓето под знамето на Сириската Арапска Република, секуларна држава, секако помага. Кога таа власт би паднала – на што Западот со своите сојузници тоа го прави од првиот ден на судирите во Сирија – и онаа тенка нит на солидарност која уште ги соединува Сиријците пред сё како Сиријци, а потоа дури како сунити, алавити, христијани итд,  сигурно би пукнала, а хаосот би се тростручил.

Нема чисти војни и нема такви војни во кои секоја страна не прави грозни злосторства и ѕверства. Меѓутоа кога зборуваме за Сирија тогаш зборуваме за бруталностите кои се сктремни па дури и за ’класилните’ воени појави – зборуваме за најрадикалните терористички групации како што се ИСИЛ и Ал Нусра чии воени злосторства спаѓаат во сосема нова категорија на страв.

За да бидат работите уште полоши, тука е и болниот терористички културоцид – уривање на голем број споменици на големите цивилизации, нашите цивилизации.

Мирна оаза на сред воено невреме.

Меѓутоа, заедно со целиот тој хаос, кој ја зафати цела Сирија – од централните големи градови до јужните делови на границата со Јордан, преку пустината на исток, курдскиот север и планините на запад – остана една единствена голема оаза на мирот западниот крајбрежен град Латакија

Како војната ја одмина Латакија? Низ среќните околности, а главена е нејзината географска положба и фактот војската успеала да ги сопре терористите и милитантите пред истите да го пробијат градот. Се разбира, фактот дека во градот не егзистирала адекватна пет-та колона секако придонесла за тоа животот во Латакија да се одвива во едден готово речиси паралелен свет.

Оној кој денес би се нашол на улиците на Латакија не би можел да верува дека ова е град во Сирија и тоа четврт по големина веднаш после ( Алепо, Дамаск и Хомс), со околу 380.000 жители.Згора на тоа, оној кој не би знаел би помислил дека се шета по улиците на Тел Авив или Ларнака.

Нема звуци на експлозии, нема смрт, нема урнатини, нема вто-бомби, нема радикални свештеници, нема пукотници… Жените чекорат по улиците, младите седат во кафулињата, во рестораните се јаде пица. На улиците можат да се забележат порпилично луксузни автомобили.

Сето оава денес е Латакија, а и уште е. Каков ли контраст – во исто време на помалку од 50 км се водат жестоки борби, а на околу 250 км источно се наоѓа Рака, главниот град на таканаречениот ИСИЛ-ов “Калифат“ каде времето не како да застанало туку како да се вратило неколку векови наназад.

Да се вратиме од таму назад во мирната оаза. Латакија, како што и веќе устакнавме, представува еден од најголемите градови во Сирија, ама и најголемо сириско пристаниште. Латакија е град на истоимена западна провинција.

Зборуваме за простор кој е настанат уште пред 2 милениуми пред нашата ера, меѓутоа како модерен град се појавува во четвртиот век пред нашата ера. Го контролирале Римјаните, па Арапите, па Византите… подоцна крстоносците, па Османлиите. После Втората светска војна на овој простор завладеа Франција и Латакија станува главен град на автономната алавитска територија на просторот на Сирија што подоцна во 1922, станува Алавитска држава која подоцна сепак повторно се реинтегрира во Сирија 1944 година.

Како настанало името Латакија? Според името на Seleuka I. Nikatora ( тој бил војсководец на Александар Велики и оснивач на македонската династија Seleukidi која владеела со голем дел од царството на Александар во Азија) која се нарекувала Laodice. Од тоа име настанал и арапскиот назив al-Ladhiqiyyah,, а од тоа пак францускиот Lattaquié, па најпосле и англиската која и ние ја користиме, Латакија.

Се надеваме дека ИСИЛ и другите терористи никогаш нема да се домогнат до Латакија, бидејќи тоа не би било само трагедија за народот кој таму живее туки и за историјата која во овој град исто така е жива. Имен, римските споменици, како споменикот на победата и бројни други, сеуште стојат, а дури мал дел од нив се уништени во текот на времето, и тоа повеќето од земјотреси.

Пред војната градот веројатно броел 400.000 жители, кои се ти? Демогравските податоци зборуваат дека тие се 50% алавити, 40% сунити и 10% христијани.

Мнозинството на Алавити живеат на северот и истокот на градот, додека сунитите живеат во центарот и на просторот на јужното предградие al-Ramel al-Filistini, ианку најсиромашен дел од градот. Христијаните живеат во центарот.

Латакија исротиски бил сунитски град и старите жители на градот, а  алавитите сеуште ги сметаат за доселеници и странци. Имено, до францускиот мандат над Сирија во 20-те години, во Латакија речиси не живеел ниту еден алавит (освен можеби некој слуга, ).

Работите се менуваат после осамостојувањето на Сирија, меѓутоа во 1945 година во градот сеуште живеат едвај 10% алавити. Ситуацијата нагло се сменува после политичката “ алавитизација“ од страна на сирискиот претседател Hafeza al-Assad и до 80-те години Алавитите ќе станат мнозинство во Латакија.

Демографска поделба на Латакија
На просторот на градот наидуваме на фабрики, фудбалски стадиони, средни школи, музеи… Што се однесува до транспортот тука е железничката станица, автибуска станица, аеродромот Bassel Al-Assad кој се наоѓа на 20-тина километри од градот. Меѓутоа нас, најмногу нё интересира градското пристаниште бидејќи во 50-те години него го изградиле југословенски работници (односите на Југославија и Сирија во тоа време биле многу добри).

Југословенски работници го градат пристаништето Латакија

Градежното претпријатие Помград од Сплит на меѓународен тендер ја добива изградбата на пристаништето во Латакија. Тоа било прво излегување на домашните градежници на странските градилишта после Втората светска војна, и прво градилиште на едно претпријатие од поранешна Југославија. ГТреба да се напомене и тоа дека Латакија во тоа време била едно од големите средоземни пристаништа.

Во свој текст за весникот “Građevinar”  инжинерот Иван Целмиќ се потсетува дека веднаш после потпишувањето на договорот се започнало со формирање на градилиште и ангажирање на потребните стручњаци за оваа работа. Со проекто било предвидено во пристаништето истовремено покрај брегот да има 4 до 6 брода и уште други 5 усидрени. Предвидената длабочина на морето заедно со брегот била 9 метра. Во договорот Помград се обврзал до крајот на 1956 година да го заврши пристаништето.

Во почетокот изведувањето на работите било многу тешко во секој поглед. Разбирањето било отежнето бидејќи арапски не знаел никој, а официјално се комуницирало на француски, кој го знаеле само неколку работници. Искуството со странски градилишта дотогаш немал никој ( оваа работа југословенската компанија ја добила благодарение на добро завршената работа на обновата на разурнатата југословенска инфраструктура после војната), а не биле познати ниту постапките и обичаите на сириските органи.

Проблемите се натрупувале, монтажните куќички за работниците – нарачани од Југославија се чекале со денови на царина, бидејќи очигледно сириските службеници очекувале дека ќе добијат мито. Дури кога сватиле дела од тоанема ништо дозволиле испораката да помине, а југословенските работници дотогаш спиеле на отворено.

Вградување на камен во пристанишната брана.

Исто така доцнела и опремата од Југославија, а градежните машини нарачани во странство имале многу долги рокови за испорака. Имено, во тоа време Европа била едно големо градилиште и валдеела голема побарувачка за градежни машини и камиони. Заради фактот дека сето тоа каснело, сириските инвеститори веќе започнале да се сомневаат, меѓутоа подоцна градбата тргнала и изникнало градилиште.

На работниците од Југославија Сирија секако и оставила добар впечаток, иако работеле од утро до мрак (совен во петок кој заради џума, бил прогалсен за неработен) ама сепак нив ги изненадил и фактот дека во Сирија можеле да купат сё и сешто. Во стварност, во дуќаните во Латакија имало сешто додека во послевоена Југославија не можело да се купи никаков луксуз, така да работниците често пати испраќале пакети дома ( до 50кг тежина).

Насипување на песок за изградба на брег на атакија

Во текот на 1953 година, довршен бил делот од припремните работи и воспоставена била стабилна организација за работа на две главни градилишта – пристаниште и каменолом.

Со мали и поголеми потешкотии сите работи сепак се довршени до 1957 година. Работата е изведена квалитетно, атаа донела и голем економски профит за сплистката компанија, Венаш биле купени тогашни најсовремени машини, а Помград во Сплит изградил деловно-стамбен облакодер каде било префрлено седиштето.

Солидно изведените работи биле поитврдени и со фактот што сириската влада без тендер на Помград  му ја доверува и зиградбата на блиското воено пристаниште во Minet el Beidi. Подоцна во 1958 година Помград го гради и пристаништето Asab во Етиопија, по големина слично на онаа во Латакија. Сириската влада во 1959, на истиот изведувач му ја доверува и изградбата на пристаништето Тартус ( со рок за изградба до 1964 година), а подоцна Помград го изградил и пристаништето Такоради во Гана.

Латакија останува во мир

Големото градски пристаниште во Латакија е постојано, како  и мирот во тој град, Многумина досега прогнозираа дека Латакија ќе се ’запали’, дека екстремистите ќе продрат во градот или пак дека локалните сунити ќе дигнат востание против алавитските “доселеници“. Меѓутоа изгледе такво нешто никому не му паѓа на памет. Колку и да сакаат некои да предизвикаат судири помеѓу градските квартови, и со тоа Латакија да постане нешто како Триполи во Либан каде војуваат сунитските и алавитските квартови, тоа овде не се случило и можеби токму Латакија  може да послужи како пример за цела Сирија дека мирот и соживотот се можни.

Созживотот и мирот во Сирија секако се можни, а Латакија е доказ. Факт е дека градот е заштитен и дека во него странските агресори не успеале да испратат радикални групации како и во останатите сириски градови, неко аналитичари тврдат дека тоа е заслужна руската воена база која се наоѓа јужно од градот од минатат есен. Тоа покажува дека сирискиот народ сеуште може, после сите стравови, да се обедини под едно знаме и иста секуларна идеологија.

Фотографии :Латакија

Извори/референци:

http://localhost/advance

Latakia, Syria
http://www.britannica.com/place/Latakia-Syria

Latakia (Al ladhiqiyah)
http://www.homsonline.com/EN/Citeis/Latakia.htm

Lattakia, Syrian embassy-London 2005
http://syrian-friendship-association.org/Cities_and_Regions/Lattakia/Lattakia.html

Latakia Is Assad’s Achilles Heel
http://www.washingtoninstitute.org/policy-analysis/view/latakia-is-assads-achilles-heel

Oasis of Peace: Life in Syria’s Latakia Captured in Pictures
http://sputniknews.com/art_living/20160129/1033944410/latakia-syria-life-pictures.html

SJEĆANJE NA GRADNJU LUKE LATAKIJA U SIRIJI
Ivan Celmić, dipl. ing. građ.

http://www.casopis-gradjevinar.hr/assets/Uploads/JCE-56-2004-02-10.pdf

Syria and the Doctrine of Arab Neutralism: From Independence to Dependence
By Rami Ginat

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here