tahrir
Пет години од започнувањето на револуцијата на 25.јануари 2011 година, Египќаните и ден денес сонуваат за достигнување на барањата поставени во текот на револуцијата, од леб и слобода до социјална правда. Владата и моменталната политикачка управа воведоа големи развојни проекти со кои сакале да стекнат доверба кај народот, ама степенот на сиромаштијата, невработеноста, корупцијата и кршењето на слободите поголеми се отколку што биле некогаш. Емиграцијата, политичката неслобода и губењето на интересот во јавниот живот представуваат резултат на таквиот развој и потврда дека целокупната состојба во Египет станала фрустрација за повеќето на оние кои учествувале во востанието. Египет разви колоплет на политичките судири кои му наштетиле на целите на востанието.
И покрај најавите на амбициозните владини планови и програми за унапредување на животниот стандард на египетските граѓани, значителни даноци и понатаму ги загрозуваат економските реформи, социјалната правда и вработувањето на младите. Според податоците на египетската Средишна банка инфлацијата пораснала на 11%, додека невработеноста пораснала драматично, а особено поголема штета претрпува секторот за туризам. Арапската унија за економски криминал и перење на пари проценува дека цената на корупцијата во 2015. преминала 600 милијарди египетски фунти, односно околу 77 милијарди долари! Како резултат на проширувањето на египетската политика на позајмување, домашниот јавен долг пораснал на околу 114 милијарди долари, додека надворешниот долг од 2015 година изнесувал 32 милијарди долари.Сепак, помеѓу 2013 и 2015 година, некои позитивни индикатори се појавиле во анализите, посебно откако на египетските улици се вратила безбедноста наместо бомбашките напади и низата на терористички активности во речиси сите египетски провинции. Организацијата за заштита на човековите права како и други организации од ваков вид, известуваат за порастот на таканаречените насилни исчезнувања во текот на 2015 година, како и пораст на случаевите на мачење, медицинска негрижа и лошо лекување во затворите. Новинарите се побуниле за сериозното кршење на нивните слободи и заканувања од страна на обвинителството, вклучувајќи го воените судови. Моногумина сметаат дека таквата пракса не постоела за време на владеењето на претседателот Хосни Мубарак. Постојат случаеви на директни смртни извршувања без судење, што во времето на Мубарак ги немало.

Демонстрантите на пллоштадот Тахрир повеќе не сметаат дека слоганите на нивната револуција, која тоа не била, може да се остварат лесно. Тие се соочени со долг и сложен процес на промени, ама исто така не сакаат да веруваат дека моменталната ситуација на текот на настаните представува пораз на револуцијата. Пет-тата годишнина на револуцијата тоа нема да го промени. Додека Египќаните настојуваат да ги одбележат, ако нё  се слави таа револуција, сепак напната смиреност владее на политичката сцена во Египет. Можност од народно востание речиси и не постои повеќе. Владата и безбедносните тела проактивно соделувале и уверувале дека појавата на демонстранти би можело да доведе до насилства и безбедносен хаос. Војската и полицијата ја чуваат главната раскрсница на Каиро и другите провинции,исто така и на плоштадите посебно на плоштадот Тајрир се наоѓаат тенкови со натписи дека станува збор за граѓанска заштитна сила.Министерството за одбрана на 22,јануари издало соопштение според кое овие сили ќе одбијат закана од било која особа која би се обидел да ја загрози државната безбедност.

Од почетокот на годината според датумот на пет-тата годишнина на востанието, египетските власти претресле голем број на станови и стамбени комплекси во центарот на Каир и околу плоштадот Тахрир, Исто така ги пречешлале и сите културни центри, како и познатата издавачка куќа Меррит пред тука да биде оддржано на 28.декември представувањето на новата книга за корупцијата. Следниот ден безбедносните сили упаднале во театарот Равабет и галеријата Товнхоус каде се одржувале уметнички перформанси на младите. Под истрага се нашле и некои кафулиња кои ги посетувале групи на политички активисти. Се бараат и сите оние кои учествувале во револуцијата на 25.јануари како би се окарактеризирале како криминалци. Група на политички активисти ваквите приведувања ги обвинуваат  и организираат петиции преку социјалните мрежи. Бараат моментално ослободување на младите активисти и почитување на правата на јавен протест загарантирано со уставот.

Во друг настан, група на млади луѓе кои себе си се нарекуваат Револуционерна казна, на 22.јануари издале соопштение во кое ја преземаат одговорноста за бомбашкиот напад на станови во дистриктот Харам, во провинцијата Гиза во кое беа убиени  девет особи, меѓу кои шест полицајци. Ова соопштение се разликува од останатите групи кои се сметаат како афилирани кон ИСИЛ, бидејќи ова група ја изјавила својата покорност на начелата на револуцијата и нагласила дека операцијата представува нова етапа на револуционерниот отпор и дека е извршена во вид на одмазда за жртвите на револуцијата. Тоа покажува дека Египет останува длабоко под влијание на револуционерното движење кое започна во јануари 2011 и го урна режимот на Мубарак. Египетските улици се мирни, ама постои длабока загриженост за политичките и економските кризи кои би можеле на крај народот повторно да го извадат на улица.

Милиони од нив, внимателно на 10.јануари го следеле конституирањето на новиот египетски парламент, настани кои египетските медиуми ги нарекоа како историски момент. Државата немаше парламент речиси четири години, откако Врховниот суд го укина парламентот со мнозинско исламски представници во 2012 година. И покрај апатијата кон изминатите парламентарни избори, многу Египќани се надеваат дека новиот парламент ќе постави нов пат, стабилен, сигурен, како и создавање на праведно општество.

Меѓутоа, конституирачката седница на парламентот се претвори во хаос откако контраверзниот парламентарен застапник Мортада Мансур одбил да даде уставна заклетва, отфрлајќи ги зборовите на заклетвата кои алудирале на уривањето на поранешниот претседател Мубара. Непријателскиот став на Мансур спрема револуцијата во 2011 година не е тајна. Во неколку наврати тој го изразил своето противеење на движењето за промени, за кое смета дека е украдено от Муслиманските браќа. Мансур смета дека вистинската револуција се одвивала на 30.јули, алудирајќи на масовните протести кои помогнале во уривањето на демократски избраниот претседател Мохаммед Мурси.

Во момент социјалните мрежи биле полни со изразување на загриженост за новите законодавци. Во медиумите, активистите изразувале мислење дека оние членови на парламентот кои нема да го почитуваат уставот едноставно ќе бидат исфрлени, како и тоа дека револуцијата од 2011 година не е некоја страна на заговор како што некои законодавци сакаат да го прикажат. Повеќето такви парламентарци представуваат поборници на сегашниот претседател Сиси, ама и поранешни членови на Националната демократска партија на Мубарак. Новинарката и писателка Ламис Габер, која е меѓу 28-те парламентарци кои ги поставил Сиси, директно се изјаснила дека 25.јануари може да биде прославен само како Ден на националната полиција, во знак на почит на членовите на безбедносните сили кои го изгубиле својот живот во борбата против тероризмот.

Министерството за верски работи, кои издаваат директиви до имамите (оџи) за темите на нивните хутби за време на џума намаз во петок, исто така се придружило на антиреволуционерната кампања. Имамите во џамиите според законот се државни службеници, па од тука во многу џамии се заслушнале и предупредувања дека демонстрантите биле грешници и дека ја уриваат стабилноста. Тоа само и придодава на масовната хистерија која се одвивала во текот на целиот јануари во Египет, бидејќи власта и полицијата страотно се плашат од нови немири.

По се изгледа се чини дека левичарите станале нова цел на проширените безбедносни проверки, откако илјадници демонстранти и активисти се затворени после уривањето на Мурси. Посебно под напад се синдикатите, а на 14.јануари полицијата упаднала и во куќата на Тахер Мохтар, левичарски лекар и челн на синдикатот, притоа истиот бил приведен заради поседување на документи против режимот. Мохтар се борел за подобра здравствена грижа на затворениците. Во испитувањето тој потврдил дека учествувал во револуцијата во 2011 година, што предизвикало бурни реакции на социјалните мрежи. Режимот очигледно учествувањето во револуцијата го преведил во официјална осуда. Настана и регистер бо кој може да се запишат сите оние кои учествувале во револуцијата.

Пет години од востанието било доволно за поместување на сите социјални, економски, верски и политички тежнеења на Египќаните а револуционерите се демонизирани и поларизирани, а младите револуционерни активисти стануваат сё повеќе радикализирани и подготвени за пренесување на терористички пораки. Обичните Египќани исто така повеќе не сакаат протести, доста им е од хаос на улиците, и само ги интересира како да се излезе од економската криза во своето семејство и колективно во општеството.

Решавањето на сите тепки предизвици на слабата економија и заканите на милитантите, навистина представува приоритет на мнозинството Египќани. Тие ја поддржуваат владата во напорите за зајакнување на економијата и уривањето на исламските бунтови на Северен Синај, каде се изгубени над стотици животи на полицајци и војници во последните три години. Таквите очекувања ја зголемиле популарноста на Сиси. Тоја наводно ужива масовна подршка, ама од друга страна повеќе не се смета за спасител на египетската нација, како што тоа претходно изгледало порано.

Неговиот лик се посматра реално, а конечната судбина му зависи од тоа како после револуционерните повици на леб и социјална правда, ќе има способност да ги исполн и ветувањата за екон омско опоравување, политилка стабилност и државна безбедност.
Извор: Al Wafd, dotmsr.com, Masr al-Arabia, Shorouk News, Reuters, Ahram

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here