сирија

Многумина наивно судат за сириската криза- посебно кога станува збор за откривање на позадината и мотивот на силното ривалство во Советот за Безбедност на ОН, помеѓу Америка и западните сили на една, те Кина и Русија на друга страна.

Во поголемиот дел на западниот свет владее мислењето дека сржта на проблемот е прашањето на опастанокот на Башар Ал Асад на власт. Меѓутоа, многу прашања лежат во средиштето на сириските судири, а линијата на конфликтот се протега таму каде мнозинството посматрачи не успеваат да ги забележат – воглавно заради тоа што заборавиле да размислуваат во глобална-политичка и геостратешка смисла. Гледано од тој агол, од геостратешка перспектива не е важно дали со Сирија во иднина ќе владее некој од дмомот на Асад, нека ја наречеме демократска власт, или некој радикален режим.

Поделба на “Светски остров“ и “Hartlend”

На почетокот на 20.век целиот свет бил под владеење на Европјаните и Американците. Геостратешките аналитичари на тоа време тогаш развиле потполно нова идеја за глобалната политика на иднината.

Иако изгледале целосно неранливи, Англосаксонците по прв пат имале причина да се плашат за својата позиција во светот. Британскиот политичар и географ Halford Mekinder непосредно пред почетокот на Првата светска војна, развил своја исклучителна важна доктрина за инфериорноста на глобалните поморски сили.

Makinder тогаш му се спротивставувал на принципит на недопирливост на поморските сили, кои ги поставил американскиот воен историчар Alfred T. Mejhan. Во својата анализа на светското копно, Makinder морето го нарекол“ Надворешна полумесечнина“, додека Европа, Азија и Африка ги посматрал заедно како гигантски суперконтинет, кој го нарекол “ Светски остров“.

 

Според него, јадрото и темелот на овој Светски остров се наоѓаат во северна и централна Азија, каде заедно со пошироката околина наоѓа најголемиот дел на светското население, и најголем дел од глобалните достапни суровини. Понатаму тој тврдел дека зради тоа идни владетели на светот не се англосаксонските поморски сили, туку она сила (или повеќе нив) која би успеала јадрото на Светскиот остров  стави под своја контрола.

Расправа за најважниот регион на земјата

Велика Британија и САД заради тоа Втората светска војна ја воделе до целосно предавање на Гдерманија и Јапан, кои од Запад и Исток го загрозувале “јадрото“. Сепак пред крајот на војната, учењето на Mackinder за значењето на јадрото го надополнил Nikolas Spajkman, најзначајниот американски геополитичар на тоа време. Тој во текот на војната развил теорија дека од “јардото“ најважна е територијата која го опкружува, таканаречениот  “Rimlend”, кој според него претставува геополитичка одлучувачка област на светот.

“Rimlend”, се простира од Скандинавијата преку централна и источна Европа, Турција, арапските и блискоисточните земји, преку и Индија, Индокина, Кореја источна и северна Кина. Тоа според него претставува суштински дел на “ Светскиот остров“ и целиот евроазиски континет. Оној кој ќе успее да го потчини “Rimlend”, со целото негово насление и неизбришаните суровини ќе биде владетел со светот, или барем ќе успее да ја наметне својата воља над останатите, а посебно на традиционалните поморски сили.

Foto: National Geografic

Надополнетата анализа на Spajkman после Втората светска војна станала надворешна политика на САД, кои се откажале од традиционалниот изолационизам и се развиле во активен лидер на светската политика.

Може да се каже дека во времето на Студената војна, линиите на речиси сите главни судири помешу Истокот и Западот преминувале низ широката територија на “Rimlend“ од Финска на запад до Кореја на исток. Повеќето војни во периодот после Втората светска војна, од Корејските и Виетнамските до средноисточните и заливски војни, се случиле во ова зона.

Геополитичката теорија, која пред овие била присутна во Америка била спротивна од онаа на Mekinder и Spajkman, во смисла на геополитичото и меѓународното право. Нејзината основа може да се најде во американската доктрина на Monro од 1823 година и може да се опише како “ меѓународен правен поредок на големите региони со забрана за интервенција на надворешни сили“.

Додуше, Американците не ја прифатиле забраната за интервенција надвор од сопствената хемисфера. Напротив после 1945 година во повеќе наврати интервенирале на оние места каде сметале дека е неопходно да се зајакне нивната позиција на моќ.

Нафтоносниот и стратепки пресуден регион помеѓу источниот Медитеран и Арапското море е главно поле на делување на американската надворешна политика. Неодамнешната војна во Ирак, окупацијата во Авганистан и матните работи во североисточен Пакистан, кои никако не се легитимни по меѓународното право, се резултат на ова политика. Сегашните судири околу интервенцијата, или неинтервенцијата во сириската војна е толку експлозивен, бидејќи претставува одраз на спротивностите помеѓу две радикално различни геостратешки и светски политички концепти.

Примарната цел не е заштита на сирискиот народ

Американците и Западот наместо хуманитарните прашања, многу повеќе се заинтересирале за преобликување на Сирија после очекуваното уривање на актуелната власт. Во прашање се неколку долго планирано нафтоводи и гасоводи од исклучителнио значење за Западот. Тие се планирани да ја поврзат Саудиска Арабија и Катар со источниот Медитеран и Турција, заради што делумно мора да одат преку територијата на Сирија.

Foto: Thinkstock

Русите и Кинезите имаат поразлична перспектива. Во прашање е руската воена база во Медитеранот, во сириското пристаниште Тартус, како и општата положба на Москва и Пекинг во Средниот и Блискиот Исток. Изгледи за можен воен судир помеѓу Израел и Иран неизбежно го прават присуството на двете најголеми азиски сили.

Сеуште не може да се предвиди која од двете страни ќе превладее, бидејќи Американците ќесто пати во минатото имале навика да ја игнорираат реозлуцијата на ОН кога сметале дека тоа е неопходно за нивните интереси. Москва и Пекинг така морале не по желба да прифатат војна против Ирак, која доведе до паѓање на режимот на Садам Хусеин, замо заради тоа што не се одлучиле да му се спротивстават на тогаш најсилната воена сила.

Коцката сеуште не е фрлена.

Денес фигурите на табелата се свртија. Заради големите домашн и економски проблеми, кои се поврзани со претераната експанзионистичка надворешна политика и воено ангажирање. САД се наоѓа во исклучителна ослабена позиција. Заради тоа нивната воена интервенција во Сирија изгледа се помалку веројатна.

Изгледа дека Кина и Русија себе си се гледаат во положба на заедничка доминација над Јужноазиската област, а нивното жестоко “не“ на интервенцијата на западните сили во Сирија, може да се протолкува како забрана за интервенцијаза силите надвор од регионот, која забрана воглавном е усмерена кон Америка.

Владата во Вашингтон тешко ќе ја прифати ваквата забрана, доколку таа навистина е сриозна. Бидејќи тоа за последица би го имало целосното предавање на американското политичко-економско влијание, а можеби дури и военото присуство во регионите на “Rimlend”.

Интересот на Вашингтон е да не дозвили напуштање на регионот на Евроазискиот Римленд, а камоли да му го препушти на Кина и Русија. Коцката сеуште не е фрлена, ама глобалните геостратешмки играчи своите адути ги ддржат во рацете.

Извор:/Автор :Hans Cristof Kraus/Frankfurter Allgemeine Zeitung /Дубаи Портал.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here