гадафи

Резултати од  уривањето на либискиот претседател Моамер Гадафи се раст на тероризмот и бегалската криза, која ја  дестабилизира Европа.

Архивите на Триполи укажуваат, дека покрај британските служби, со разузнувачките служби на Гадафи блиско соработувала и ЦИА.

Поминаа четири години од кога светот речиси во живо го следеше мачењето  и убивањето  на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи. Имаше нешто ритуално во оваа изживување над човекот кој 40 години бил недопирлив “ врховен лидер“ на Либиската Џамахирија.

Со овој симболичен акт со кој неприкосновениот лидер е сведен како на однесување кон животно, завршена е казнената експедиција на Западот, чија цел била не само да го соборат од власт, туку и да му оневозможат да ги изнесе тајните кои ги деле со домаќините на Елисејската палата и Даунинг стрит. Сепак некои од ови тајни го пронајдоа патот до јавноста.

Меѓу документите кои се пронајдени во зградата на либиската влада после соборувањето на Гадафи било и писмото на Тони Блер, упатено до полковникот Моамер Гадафи од 2007 година, вое кое британскиот премиер му се заблагодарува на “одличната соработка“ на разузнувачките служби на двете земји во однос на сузбивање на тероризмот. Тоа било во време кога Велика Британија ја помагала Либија да влезе во трага на либиски опозиционери кои биле киднапирани и вартени назад во Триполи заедно со семејствата каде биле затворени и мачени.

Писмото кое започнува со зборовите “ Драги Моамере“ и завршува со “ Со најубави ќелби, секогаш твој Тони“ се наоѓа меѓу документите кои ги собрал правниот тим од Лондон. Поранешниот политички опонент на Гадафи, сака да го обвини на Блер заради помошта која му ја  бритснаките служби МИ5 и МИ6 му ја овозможувале на Либискиот лидер, како би им влегол во трага на опозиционерите.

Архивите на Триполи укажуваат, дека покрај британските служби,  разузнувачките служби на Гадафи блиско соработувале и со ЦИА.

Во неавторизираната биографија на Дејвид Камерон, која е најавена како “ најексплозивна политичка книга на сдеценијата“ се наведува дека Блер се обидел да го спаси на Гадафи во текот на бомбардирањето на Либија, меѓутоа тогашната конзервативна влада одлучила дека неговото соборување и оди во интерес.

Причини, Гадафи вечно да биде замолчен имала и француската влада. Никола Саркози најмногу се истакнал во военотоподтурнување дека станува збор за зли диктатор кои ги крши сите човекови права, на што “цивилизираниот свет“ нема ништо друго освен да одговори со бомбардирање. Понатаму испаднало дека Гадафи ја финансирал неговата претседателска кампања во 2007 година со 50 милиони евра, на што покажала истрагата која ја водел угледениот француски информативен сајт “Медијапарт“.

Во една од тајните епизоди на војната во Либија, со која денес се занимаваат судиите во Парис, подршката од страна наГадафи на Саркози била договорена на состанокот на двајца блиски соработници на либискиот претседател и франускиот министер Брис Ортефе, билизок пријател на Саркози и човек од доверба. Во никогаш не разјаснетите околности за убиството на Гадафи, кого според официјалната верзија, го убиле бунтовниците, се споменува и можната вмешаност на француските разузнувачки служби.

Италијанскиот лист “Korijere dela sera” во 2012 година цитирал дипломатски извори од Триполи, кои наведиле дека либискиот претседател го убил странец, најверојатно французин. Агент на француската служба, според овој извор се наоѓал во гужвата на луѓето во моментот кога бил фатен Гадафи и му пукал во главата.

Махмуд Џибрил, либиски политичар кој ја предводел опозицијата која Франција во времето на граѓанската војна во 2011 година ја признала како единствен претставник на либискиот народ, и кого потоа го претставувале како премиер на преодната влада, призната од мнозинството членки на Обединетите Нации, вклучувајќи ја и Франција, за египетската телевизија изјавил дека “странски агент бил уфрлен во револуционерната бригада која го убила Гадафи“. Како причина за убиството ја наведил врската на поранешниот француски претседател со Гадафи и финансирањето на претседателската кампања.

Во мешувреме Либија потона во граѓанска војна и економски хаос, со сопернички вооружени групи кои неказнето убиваат цивили и уништуваат градови, аеродроми, палат нафтени рафинерии во настојување да се домогнат до богатство и влијание.

Исламските формации ширум Северна Африка успеале да се докопаат до значајно вооружување и заведат терор. Резултатот на воената интервенција во Либија и уривањето на Гадафи се раст на тероризмот, и бегалската криза, која ја дестабилизира Европа.

Русија, која била воздржана во текот на гласањето за резолуцијата 1973 на Обединетите нации, чија цел била да се заштити либискиот народ, а која е злоупотребена за да се оправда воената интервенција и уривањето на Гадафи, не престанува да прави паралела помеѓу Либија и Сирија кога станува збор за целите (домет) на западните коалиции.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here