
Русија ја започна воената интервенција во Сирија со распоредување на борбени авиони во базата од каде ќе ги покрене нападите против Исламската држава и бунтовниците.
Руски пилоти на борбени авиони и хеликоптери ќе започнат да доаѓаат во Сирија во наредните неколку денови, објавил порталот Ynet.
Според зборовите на Западните дипломати, руската експедиција веќе пристигнала во Сирија и се сместила во воздушна база која е под контрола на силите на претседателот Башар ал-Асад.
Како се наведува, базата се наоѓа во колината на Дамаск и на Русите ќе им служи како оперативна база.
Бо наредните недели илјада припадници на рускиот воен пероснал ќе пристигне во Сирија, вклучувајќи, советници, инструктори, техничари и пилоти.
Во овој момент нема конкретни податоци за сотавот на контигентот, меѓутоа Русија претходно преговарала за продажба на повеќенаменски авиони од типот МИГ-29 и најново напредните Yak-130, кои можат да служат за борба.
Ynet пишува дека нема сомневање дека руските пилоти ќе влијаат на постоечката динамика на блискоисточните судири.
Официјално, Русија нема офанзивни намери спрема Израел и други држави, а главната цел на разместување на летала е задржување на Асад на власт и борба против Исламската Држава.
Дипломатски извори тврдат дека Русија и Иран донеле стратешка одлука да направат сё како би го спречиле ширењето и инфилтрирањето на Исламаката држава и другите групи на подрачјето на поранепните советски републики со муслиманско мнозинство.
Американската администрација потполно е свесна на руските намери директно да интервенира во Сирија, иако официјално не реагирала.
Обама од неодамна е воздржан во повиците за уривање на режимот на Асад, иако САД изведува воздушни напади како би ги заштитиле бунтовниците против кои ќе се бират руските сили.
Иран и Русија, со знаење на САД имаат намера да ја зајакнат сириската војска со обучување и техника.
Русија од почетокот на војната на Асад му испраќала бродови ос оружје, муниција и резервни делови.
Русите не се единствени кои ја координираат блискоисточната политика со Иран.
Американски претставници, исто така учествуваат во интензивни разговори со Техеран како би ја зајакнале заедничката борба против ИД.
Изгледа дека американската влада на Иран моментално го прифаќа како неопходна сила во кампањата против ИД во Ирак, наведува Ynet.
dubai-portal.com.mk









