Во своето последно обраќање на нацијата сирискиот претседател Башар ал Асад драматично предупредил дека Сирија постепено останува без труп(тело) и дека предуслов е остатоците од сириската војска да се повлечат на територијата која можат да ја бранат. Ова драматична изјава доволзно зборува за себе. Сириската војска секојдневно претрпува загуби во војници во борбите.
Сириската војска претрпи тешки загуби во досегашната исцрпувачка војна со уфрлените организации кои се борат против неговата војска и единствено што сеуште го држи во борбена способност се борците на Хезболах и иранските сојузници од Републиканската гарда. Меѓутоа штом претседателот Асад изјавил дека на Сирија и недостига војска, тогаш состојбата станува се поалармантна.
Ова војска се бори против организациите како што се Ел Нусра, ама и против џихадистите на “Исламската држава“. Кога најави повлекување , сирискиот претседател пред се мислел на западните делови на земјата кои сеуште се под негова контрола, меѓутоа тие процентуално претставуваат занемарлив дел од сириската територија. Тоа пред се, се Дамаск и приобалните градови кои се населени со Алавити.
Асад се наоѓа во незавидна позиција, а сега уште и Америка му се заканува со војна. Според пишувањето на Vol strit džornal, Америка се обврзала да ја брани “слободната зона“ чие создавање го предложи Турција. Ова спомената слободна зона би се протегала по должината на границата со Турција и во неа засолниште за напад на регуларните сириски трупи би нашле припадници на некои групи кои не се поврзани со ИСИЛ.
Значи, ако трупите на Асад во самоодбрана ги нападнат припадниците на другите групи кои би делувале од слободната зона, веднаш ќе се најдат на удар на Американските воени авиони. Регуларната сириска армија која веќе е ослабната од повеќегодишната војна, ова не би можело да го поднесе. Таа веднаш би колабрирала а претседателот Асад би бил оставен на милост и немилост на “терористите“, кои на најтежок можен начин би го ликвидирале заедно со сопругата. Америка и нејзиниот сојузник Турција најмногу посакуваат да падне Асад, а сите наводни американски стравувања дека вакумот може да го попоплни “Исламската држава“ претставуваат иронични лаги.
САД директно ја подржуваат “Исламската држава“, колку и тоа парадоксално да звучи. Американската цел е уривање на секуларните исламски режими и доведување на земјите во состојба на хаос и владеење на џихадистите кои на Америка би му послужиле како повод за напад на таа земја, и сето тоа како во волшебен круг. Пример за тоа се Либија, Ирак и Авганистан. Од овие земји моментално трае егзодусот на бегалците во земјите на Западна Европа, кои заедно со Америка ја создадоа ситуацијата невозможна за живот и опстанок на луѓето. Бегалците бегаат и од војната во Сирија, која исто така Западот ја започна со уфрлување на свои припадници.
Америка само протоколарно се ужаснува од “Исламската држава“, а од друга страна потајно ја подржува. На Америка и е сеедно кој ќе дојде на власт во Сирија ако падне претседателот Асад, нејзе и е важбо само да уништи уште една земја, некогаш просперитетна. Турција се наоѓа во сложена геостратешка ситуација. Имено , Анкара досега не се вклучувала во војна во Сирија, меѓутоа, пред само неколку денови ги бомбардираше положбите на “Исламската држава“.
Исто така Турција е под постојани закани од терористички напади со Курдите, кои веќе долго време повеќе од 30 години војува против турската држава на нејзиниот југоисток. Точно е дека Турција многу повеќе ги бомбардираше положбите на Курдите отколку ИСИЛ. Сепак едно е сигурно дека и таа многу би сакала со Дамаск да владее ИСИЛ отколку Башар Ал Асад.
Каква е позицијата на Русија? Русија е многу пасивна и многу малку прави за да му помогне на Асад. Вистина е дека претседателот Путин издејствувал преку Америка моровен договор, кој наводно го вклучувало употребата на хемиското оружје на сириските цивили од страна на сириската армија, со што е спречено американското бомбардирање на силите на претседателот Башар ал-Асад, меѓутоа освен реторичката подршка, Руската федерација практично направила многу малку за да го задржи Башар Ал Асад на власт.
Руската надворешна политика е пасивна и во случајот со Украина каде секојдневно кијевските сили го прекршуваат мировниот договор за гранатирање на населбите во Донбас. По прашање на Сирија, Русија како светска сила би требало да биде во состојба да ги заштити својот сојузник Асад, меѓутоа од Москва пристигнува само реторичка подршка иако состојбата е критична.!
Портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков изјави дека испраќање на руски трупи во Сирија и ниту не се разгледува: “ Не упатување на руска војска во Сирија, не се ниту рагледува. Такво прашање не е на дневен ред“. Одговарајќи на прашањето дали Асад побарал руска воена помош, Песков изјавил дека за тоа ниту се расправало“.
Коментирајќи ја изјавата на командантот на Воздухопловно-десантните сили, генерал Владимир Шаманов дека командосите се подготвени да се упатат во Сирија во случај та стигне таква наредба, Песков рекол дека никој не треба да се сомнева дека руските командоси секогаш ја исполнуваат секоја наредба на нивниот генералштаб“. На конференцијата за новинари сириски новинар упатил прашање дали руските десантни сили се подготвени да му помогнат на сириската влада. Шаманов претходно изјавил дека силите “природно, ќе ги исполнуват одлуките кои ќе ги донесе раководството на земјата“.
Не е јасно зошто Асад не побарал директна руска воена помош бидејќи постои опасност да заврши-помине слично како Гадафи кој веруваше дека Запад нема да го уништи. Меѓутоа, во тоа светло, со оглед на пасивната руска надворешна политика, прашање е дали Асад го доби она што го бара. Во секој случај, ситуацијата за претседателот на Сирија не е најсветла и Асад би требало да започне да се плаши за својот живот, кој би можел да постане загрозен веќе во наредните месеци, ако не и недели.










