Надлежниот првостепен суд во Љубљана донел пресуда според која Словенија на Крагуевачката Група Застава возиила, на име незаконски узурпиран имот мора да и исплати отштета.
Станува збор за отштета за продажно-сревисниот објект во Љубљана на околу 2,4 милиони евра, пишува „Danas“
Како наведува белгрдскиот дневник, Застава сепак очекува значително поголема отштета, заголемена за камати пресметани за 24 години наназад, поточно за период од 31.јануари 1991 година.
Генералниот директот на Групацијата Застава возила, Драган Срејовиќ истакнал дека крагуевачката фабрика, доколку двостепениот суд во Љубљана, на жалба на државата Словеника, ја понушти претходната пресуда, ќе се обрати до Судот во Стразбур, со што во Застава според неговите зборови ја демонстрираат сврстата решителност да го повратат и наплатата имотот кој во минимални децении, ширум поранешна Југославија е стекнат со пари од работниците во Застава.
Застава, тврди Срејовиќ поседува валидна документација за имотот на ова фабрика во сите новонстанати држави на просторот на поранешна СФРЈ.
Тој исто така изразил и очекување дека наскоро ќе биде решен и проблемот на имотот на Застава во БиХ, конкретно во Сараево каде Застава поседува два продажно-сервисни објекти, со вкупна вредност од 1,4 милиони евра.
Фабриката Застава своевремено го наплати својот имот во Хрватска ( објект во Загреб и одморалиште во Пучишќе на Брач) и во Македонија ( производен погон и хотел во Охрид и др.) Со парите од наплатата на овој имот Застава го подморила стариот долг спрема Фијат, што пред десет години беше прв услов за враќање на Италијанитe во Крагујевац,
За разлика до Хрватска, Македонија, БиХ и Црна гора, Словенија не е сака споразумно да го реши ова барање на Застава да и се врати имотот во таа држава.
Неодамна Застава на надлежниот суд во Подгорица му поднела тужба против Црна Гора, со кое бара да и плати локацијата во Бечичи, на чија површина е изграден луксузен хотел Splendid“.

Застава за локацијата во Бечичи, која ја купила во 80-те години од минатиот век и за што поседува комплетна документација, бара надокнада од 11,5 милиони евра, а сепак е подготвена да ја прифати и проценката на судски вештак.
Срејовиќ вели дека Групацијата Застава возила планираат со парите од отштетета од Словенија и Црна Гора барем делумно да ги решат проблемите на Застава Камиони, Застава специјални возила во Сомбор, Застава ИНПРО и другите фирми кои работаат во рамките на групацијата , која инаку кон крајот на мај ставена е на списокот од 17 домашни претпријатија во реконструкација која ќе биде заштитена од побарувања на доверители во наредните година дена.
(Danas/Tanjug)










