Шансите за реализација на проектот “Турски поток“ стануваат се помалки реални откако премиерот Никола Груевски изјави дека ќе учествува го гасоводот, меѓутоа откако се договорат Русија и ЕУ.
Изјавата на Никола Груевски дека Скопје ќе го подржи проектот “Турски поток“ дури после договорот на Русија и ЕУ го девалвира клучниот аргумент на Москва дека Западот во ова земја ја провоцира обоената револуција, отценува московскиот интернет сајт Комерсант.
Изјавата на Груевски не само што под сомневање ја става ерспективата за реализација на Турскиот поток, тука го девалвира и клучниот аргумент на Москва дека Западот во Македонија ја спонзорира обоената револуција заради одбивањето на Груевски да се приклучи на антируските санкции и заради подржување на Турскиот поток, се отценува во анализата на коментарот
Се потсетува дека во текот на посетата на Белград министерот за надворешни работи Сергеј Лавров “само што директно не го обвинил Западот дека подготвува обоена револуција “ во Македонија, а дека подоцна во Советот на федерацијата изјавил дека “ со македонските настани доста грубо управуваат од надвор“
Интернет изданието Vzgljad (поглед) отценува дека Груевски, кој најпрво го подржа Турскиот поток, а потоа звборува за неопходноста од усогласувањето со ЕУ, прави отстапки кон Брисел, и се однесува како поранешниот украински претседател Виктор Јануковиќ, кој на крајот изгуби се.
Експертот за балканските земји, и историчар Јелена Гускова изјавила дека Груевски не ја сменил целосно точката на гледиште за Турскиот поток, ама дека е “принуден да ги слуша оние кои вршат пристисок врз него“.
Весникот Комерсант пишува дека сега малата земја (Македонија), чие мислење за гасоводот досега никого не го интересирало, сега може да ја одигра истата улога како и Бугарија за Јужниот поток. Токму замрзнувањето на изградбата била последна капка која имала прилина за откажување на проектот.
Алексеј Гривач од Фондот за национална енергетска безбедност изјавил дека Русија теоретски може да ја заобиколи Македонија ако го постави гасоводот веднаш зад Грција во јужна Италија или искористи Eastring за испорака на гас до Baumgarten. Ама, тој смета дека тоа е комплицирана можност, пренесува весникот,
“Во таа ситуација, сите извори на Комерсант се сомневаат дека Турскиот поток воопшто ќе има копнен дел надвор од Турција. Повеќето соговорници од гасниот пазар како во Европа, така и во Русија, сметаат дека Гаспром во најдобар случај че го ограничи поставувањето на двата краци на гасоводот низ Црното Море“, пишува Комерсант.
Извор:(Beta)










