Формирањето на таквиор центар во Бугарија би било во спротивност со забраната на бугарските војници да работаат за меѓународни организации на тлото на земјата. Ова препрека Парламентот вчера ка укина со усвојување на амандманите на законот за одбрана.
Командниот центар на НАТО би дтребало да биде во Софија и во него да бидат вработени 40 војници, од кои половината треба да бидат државјани на Бугарија.
Како не би се предизвикала Москва , копнените елементи на силите за брзо реагирање ќе бидат стационирани на западот на Европа, ама тие би требало да учествуваат во вежбите зо земјите на поранешниот источен блок или тука да бидат распоредени ако Алијансата одлучи да покрене некаква воена операција.
Покрај тоа НАТО комуникацискиот центар лоциран во Гроној Малин, на 20 километри источно од Софија ќе започен да работи пред крајот на ова година, истакнал министерот за одбрана Николај Ненчев. Во ова испостава за комуникација ќе има 50 војници.
И конечно,центарот за размена на информации помеѓу НАТО бродовите треба да биде изграден ова година во Варна, главното бугарско пристаниште на Црното море, со план да започне со работа во 2016 година.
Бугарија, е поранешна членка на Варшавскиот пакт, таа на НАТО му се придружи во 2004 година. Останатите пет нови командни центри треба да се формираат во балтичките земји, Полска и Романија.
Извор: Sputnjik










