Имајќи ги во предвид барањата кои на Синдикатот за Образование Наука и Култура поднесени до Владата на Р.Македонија (Министерство за образование), и одлуката за стапување во генерален штрајк, од 20. јануари 2015 и Основното Училиште Гоце Делчев потврдувајќи ја согласноста со барањата на СОНК, одлучи да стапи во Генерален штрајк.
Ваквиот процес со кој е прекинат почетокот на второто полугодие од учебната 2014/15 година ќе потрае се додека од раководните органи на СОНК не се добие зелено светло, дека се исполнети сите оние барања заради кои стапивме го штрајк, односно се додека претседателството на синдикатот не утвради дека повеќе нема потреба од штрајкување. – ни изјави наставник на оваа училиште.
На прашање дали се почитува во целост овој штрајк, ни беше изјавено дека денес, после вчерашниот ден, се чувствува односно од раководните органи се врши одреден притисок за продолжување на наставата во оваа училиште, со кое би се прекршила одлуката на СОНК, и прекине со штрајкување.
И покрај ваквите притисоци, ние ќе продолжиме со почитување на оваа одлука на СОНК и исполнување на наведените барања, зад кои и ние стоиме и покрај било каквите притисоци со кои би се оствариле намерите на оние кои сакаат да настапат спротивно од одлуката на СОНК и ги принудат наставниците да го променат своето мислење.
Како што реков горе ние ќе продолжиме со ваквиот начин на активност се додека не бидат исполнети нашите барања, ни надополни нашиот соговорник, притоа надополнувајќи дека учениците ќе бидат дополнително известени доколку се изнајде решение за почеток на наставата, а секоја друга информација дека наставата во второто полугодие продолжува, без претходна најава од претседателството на СОНК, и наставничкиот кадар на ова училиште, ќе се смета како не почитување на мислењето на наставничкиот кадар на оваа училиште, чиј наставнички кадар и покрај одредени притисоци сепак стои зад својот став да се продолжи со штрајкување и во наредните денови, се разбира притоа придружувајќи им се и на останатите училишта во Општина Струга.
И Основното училиште Мурат Лабуништи од Лабуништа стапи во генерален штрајк, и истиот едногласно се почитува како од наставничкиот кадар така и до раководниот кадар, ни изјави наставник од оваа училиште.
На прашање дали кај нив се врши притисок за прекинување на штрајкот, ни беше нагласено дека како што е горе наведено такви притисоци нема, бидејќи претходно едногласно била донесена одлука за стапување во генерален штрајк, и со тоа отфрла секаква можност за дезинформација дека има било какви вид на притисоци со кој би се прекинала активноста на штрајкувањето.






