Лабуништа: Кога водата запира, а незнаењето и политиката продолжува..

0
212
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Еден од главните проблеми кој извесен период  ја притиска населба Лабуништа е недостатокот на вода за пиење и друга намена.

Веќе извесен период наназад се повеќе се чувствува потребата од  нејзиното користење, како за домашна употреба така и за друга намена.

На барање на наши читатели, кои на некој начин сакаа да ја актуелизираат уште еднаш оваа проблематика, и да се стави крај на овој проблем со кој секојдневно се соочени жителите на оваа населба, имавме можност да поразговараме со неколку жители на оваа населба на кои и ден денес не им е објаснето, кои се точните причини за ваквите рестрикции и недостатокот на вода, бидејќи луѓето добиваат различни информации, односно како во фудбалот само се префрлува проблемот од едно на друго место, само со таа разлика што таквите не сфаќаат дека оваа не е фудбалска топка, туку проблем кој треба да се решава, односно да се соочиш со него и изнајдеш вистинското решение.

За повеќето жители на оваа неселба единствен виновник за ваквата хаотична состојба е ЈКП “Хигиена“ – Лабуништа,која стопанисува со системот за водоснабдување и комунални дејности,  така да според некои кои имаат вакво размислување ни изјавија дека воопшто не се двоумат околу нивната увереност во тоа.

Воопшто не е инвестирано како што треба, и се е оставено како што било пред неколку години наназад.  Во одредени делови на населбата  има застарени елементи  ( цевки, фасонски деклови и др.) од системот за водоснабдување кои воопшто не се менуваат односно се оставени со децени такви какви што биле, или пак се прават мали (ситни) реконструкции , па заради тоа често пати се појавуваат различни дефекти, за кои не се реагира навремено доколку станува збор за помали дефекти, а и за поголемите треба да се чека некое време за да се решат, особено доколку се на видно место каде што секој жител може да ги забележи.

За жал има и такви дефекти, а сигурно ги има, кои не можат да се откријат, па така да поголема количина на вода наместо до домаќинствата , се губи под површината на земјата  или пак кај некои домови се појавува како влага.

Се разбира ова е резултат од ненаменското и недомаќинско работење на оваа претпријатие кое треба покрај собирањето на пари, малку да се заинтересира и за реконструкција на системот, или пак во својата годишна план програма да го вметне и овој проблем и преку проект да учествува во некои владини програми кои доделуваат средства за ваква намена, а не да чека пари од народот, кој и веќе нема да плаќа за нешто што не го добива, а уште поинтересно е и тоа што имаме и наши представници во Општина Струга, оние кои ние ги изгласавме, ама за жал не добивме ништо освен само проблеми.

Само малку вратете се наназад,  за неколку месеци променети се голем број на раководители на оваа претпријатие, и за жал народот нема кај кого да ја лоцира вината и одговорноста за ваквата состојба, или пак нашиве од тука се подготвуваат за локално фудбалско првенство па го дриблаат народот со префрлување на топката од еден до друг дриблајќи го овој народ.

Ама нека, ќе дојде и денот кога и овие наши Лабуништани ќе се освестат и покажат црвен картон за ваквиот начин на играње, нешто слично како што го покажаа и нашите Подгорчани.

Како благодарност за нашата доверба, што е уште пострашно пред неколку месеци добивме и наод дека сме пиеле и строго забранета вода за пиење, а таа информација ја добивме од страна на медиумите, а денес ни изјавуваат дека се е во ред.

И што друго да ви кажа времето минува, вода се нема, рестрикции секојдневно, а како ќе бидит зимава само еден Господ знајт, зошто кога ќе замрзнет цевките за снабдување на домаќинствата проблем ќе имаат домаќинствата, а, профит водоинсталатерите и оние кои продаваат делови за ваква намена. – надополнува нашиот соговорник.

Други пак ги обвинуваат самите жители кои ненаменско ја користат водата, па вината ја префрлуваат врз ЈКП“Хигиена“.

Добро бе бате, што да им прајт оваа претпријатие, сите се нафрлиле на него, а вината не ја лоцираат и кај себе. Водата ја има толку колку што е, и луѓето треба да се прилагодат на неа, се додека во есенско-зимскиот период иншала, од дождовите и снегот не добиеме си некоја поголема количина на вода.

ЈКП“Хигиена“ во повеќе наврати ги известува луѓето за ваквата состојба на количината на вода, која не зависти од неа, туку од Аллах.џ.ш. И нејзиното раководство се обидува единствено преку рестрикциите кои се неизбежни да воспостави равнотежа во снабдувањето. Ама што прават моите сограѓани, веднаш што дојде период за снабдување со вода, истата се троши ненаменско, поливање за површини, вадење и што уште не..  и после не останува за другите, што представува нормално дека нема да има.

Треба да се освестиме дека водата која ја имаме е  толку колку што ја имаме, и треба што порационално да се користи за да ја имаме сите. Јас цврсто верувам дека колку толку ЈКП“Хигиена“ се грижи околу снабдувањето со вода на населбата , во рамките на своите можности и мислам дека спроведувањето на рестрикциите представува единствено решение. А за тоа дали е инвестирано во нови линии или се поднесени барања за проекти односно добивање на средства за реконструкција на водоводната мрежа, не сакам да шпекулирам, односно да тврдам за нешто што не го знам. И дека треба да се освестиме дека за ваквата состојба сме криви и ние самите, а не вината да се префрлува врз другите.

Трети пак сметаат дека воопшто не ги интересира ваквата состојба, бидејќи преку глава им е од ваквите состојби, и воопшто не сакаа да коментираат. Односно само кратко ни изјавија : Како ќе ни бидит пишано, така нека е!.

Меѓутоа она што не израдува и покрај ваквите песимистички информации, дека сепак водата како  една од најважните работи на оваа населба и нејзиниот развој ја пробуди свеста за нејзиното искористување, она како што господ ни ја дал.

Така да на влезот кон Лабуништа кога се оди од Подгорци или пак кога од Лабуништа се оди кон Подгорци, во делот познат како костење, имавме можност да забележиме изградба на еден навистина прекрасен објект (чешма), кој сеуште се дотеруваше (градеше).

Нашиот соговорник г-дин Изет Каралиески кој веќе извесен период ја гради оваа преубава чешма и истата сака да ја стави во употреба на сите жители од околните населби,  ни изјави:  Веќе извесен период наназад забележав дека овој дел изобилува со природна подземна вода и која без потреба течеше, а имаше и поголема количина која не беше излезена на површината. Па заради тоа решив истата да ја искористам со изградбата на оваа чешма, која ја гледате веќе е при крај, и останува уште малку за да се дотера и истата стави на располагање и истата иншала да се користи како што треба– ни изјави г-динот Изет.

На крај му посакавме пријатна работа и иншала она што го направил жителите да го користат онака како што треба, притоа имајќи ја во предвид важноста на водата и проблемот кој ја притиска оваа населба во најкратко време да се реши онака како што треба, односно да се изостават политиката и сопствените интереси и незнаењето за сметка да трпи целата населба.

Како и да е, едни на други си ја префрлуваат вината, според едни вмешана е политиката, незнаењето, интересите и што уште не….и притоа никој да не сноси одговорност за ваквата состојба.

Работите си течат стихијно како ништо да не се случува. Ама се случува ВОДАТА ЗАПИРА, А НЕЗНАЕЊЕТО И ПОЛИТИКАТА ПРОДОЛЖУВА… до кога само еден Господ знајт.

( Сите горе наведени текст содржини представуваат видувања-мислења на жителите на населба Лабуништа)

Дубаи Портал.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here