Во рамките на зацртаниот план програма на Министерот за Земјоделство Шумарство и Водостопанство на Р.Македонија,  г-дин Михаил Цветков ,денес во просториите на општинската сала на Оптиштина Струга, беше одржана средба  со градоначалницитем, и представниците на Водостопанските организации како и Водните Заедници во Струшко-Охридскиот регион.

На оваа средба министерот Цветков , беше продружуван од страна на директорот на Управата за Водостопанство г-ди Кадир Салих.

На самиот почеток г-дино Салих ја бразложи потребата од организирање на ваква една средба со сите представници на водостопанските организации кои сеуште постојат односно функционираат во овој дел од Македонија.

Тој накратко ја образложи и план програмата на министерот, односно нивните посети кои ги организираат на територијата на Македонија, односнио онаму каде што сеуште фунакционираат сите водостопански организации.

Истакнувајчи дека Акцискиот план од страна на Минситерството за земјоделство шумартсво и водостопанство, со претходно изработена драфт верзија има 10 годишен план за инвестирање во ваквите организации, односно во период од 2015-2025 година.

на сите оние места каде што е предвидено да се инвестира во изведба на нови или пак продолжување на стари-недозавршени инфраструктури од делот за водоснабдување, наводнување, одводнување, објекти како брани и др.. со што би можело да се реазлизираат одредени објекти кои би имале соодветна намена.

Тој накратко се задража и на информациите околу водостопанските организации кои гравитираат од Струшко-Охридскиот регион, притоа потенцирајќи дека повеќето Водостопански  Организации се ликвидирани или се во постапка на стечај, така да борбата за користење на природните ресурси останува во рацете на Водните заедници.

Овој наш Акционен план има за цел, финансирање на проекти кои се во надлежност на Министерството за Земјоделство Шумарство и Водостопанство на Р.Македонија. Оносно реализација на поднесени проекти од страна на Водните организации кои имаат потреба од изградба на ордедени инфраструктурни елементи на еден систем, било да е за наводнување или водоснабдување.

Како Министерство отворени сме за секаков вид на соработка со сите водни организации, очекуваме со своите потреби и претходно изработена техничка документација преку која се изнесува нивната потреба од било каков инфраструктурен елемент, истата да ја поднесат во нашево министерство, каде истата ќе биде разгледане и се разбира доколку постои соодветна основа, истата да влезе во делот на финансирање, во десет годишниот план програма односно за период од 2015-2025 година.

Таква потреба според наши информации има доста голем број на водостопански организации, па заради тоа ги повикуваме на заеднички разговор околу решавање на нивната потреба, истакна министерот Цветков.

Исто така тој го напомена и финансискиот дел кој е предвиден за финансирање во оваа план програма, меѓутоа напомена дека и покрај средствата кои се предвидени со оваа програма, доколку истите се надминат, а ние почуствуваме потреба од решавање на други поднесени проекти, тогаш се разбира финансискиот дел ќе се обидеме да го нобезбедиме преку одредени други организации, а се разбира и насочиме поденсителите на тие организации како да се учествува на огалсите на таквирте други организации (ИПАРД) и др..

Во текот на средбата, тој ги сослуша барањата и проблемите на сите представници  кои беа присутни на оваа средба и укажа на можноста на решавање на поднесениот проблем од страна на присутните представници на водостопанските организации.

На крајот ор средбата Министерот Цветков уште еднаш напомена дека им стои на располагање на сите представници кои ги представуваат водостопанските организаци во изнајдување на соодветни решенија од оваа област и се разбира помогне во нивните барања.

На средбата покрај представниците на водостопанските организации, присутни беа голем број на градоначалници од Охридско-Струшкиот регион, осве градоначалникот на Општина Струга, г-дино Зијадин Села, кој не беше присутен на оваа средба, каде како и останатите присутни градоначалници, да ги изнесе проблемите со водоснабдувањето, како и проблемите на Водните заедници во рамите на општина Струга. така да повеќето раководители на Водни заедници мораа сами да ги презентираат своите проблеми од ова област.

На крајот, почитувани и ние како информативен Портал имавме можност на кратко да поразговараме со министерот Цветков, и изнесеме нашите проблеми околу системот за водоснабдување, одводнувањето, доизградбата на браната на подгоречко езеро, како и останатите други потребни елементи кои и се потребни на населба Подгорци.

На овој наш краток разговор министерот Цветков, одговори дека, во секој случај секој еден проблем треба да се реши, и дека во секој момент со поднесување на проект-техничка документација од страна на Раководителот на Водната Заедница, ќе излезе се разбира во пресрет можностите  на министерството за Земјоделство Шумарство и Водостопанство, за потребите од решавање на проблемот напоменувајќи дека ќе му биде мило да ја посети населба Подгорци, особено делот околу Подгоречкото езеро, дел како што рече тој досега не знаел дека постои (Подгоречко Езеро), а после нашето представување изразе желба да го посети.

Дубаи Портал.

 

 

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here