Почитувани!
Ни причинува големо задоволство да ве известиме дека нашата кампања за итна помош на настраданите во Газа е успешно реализирана!
Веднаш по сопирањето на агресијата од Газа, со првите авиони на хуманитарна помош од Турција, во Газа пристигна и хуманитарната помош од Македонија.


Здружението на граѓани “Легис” од Скопје, со несебичните донации на џематите од Скопје, Подгорци, Октиси и Требиште, како и со несебичните донации на други анонимни граѓани, во соработка со турската меѓународна хуманитарна организација ИХХ го реализираше овој благороден проект, при што беа доставени пакети со храна на над 280 семејствата на сирачиња (деца со мајки) погодени од 52. дневната агресија.


Им се заблагодаруваме на донаторите, Го молиме Возвишениот Аллах да ги награди и да им го зголеми бериќетот, со надеж дека оваа успешно реализирана помош ќе биде поттик за останатите заинтересирани поединци, џемати и организации да ни се приклучат во нашите хумани активности за разрушената Газа која се надева и чека на помошта од хуманите луѓе во Светот!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here