Минатата недела Дубаи е избран за домаќин за претстојниот светски саем Expo 2020. Иако градот веќе е познат по својот луксуз, Дубаи ќе потроши 6,8 милијарди долари како би се подготвил за овој настан кој ќе трае шест месеци.
Погледнете ги неколкуте работи, кои можеби не сте ги знаеле за Дубаи:
1. Во Дубаи не постојат адреси на улици. Луѓето своите пакети воглавном ги добиваат во одредени места (слично како поштите), а доколку сакаат да им биде доставено нешто на домашна адреса, ќе мораат на ковертот да ја нацртаат картата или напишат упатство.
2.Околу 85% од жителите на Дубаи се странци.
3.Жителите на Дубаи 2. декември го прославуваат како Национален ден, ден кога во 1971 година Обединетите Арапски Емирати постанаа независни од Велика Британија.
4. Во Дубаи никогаш не е жешко. Просечната летна температура изнесува 40 степени целзиусови, а во јануари таа изнесува 24 степени. Ова најверојатно е заради тоа што градот се наоѓа во близина на огромните пустински дини.
5.Доколку некого го бакнете во јавност можете да бидете приведени(уапсени) – во 2010 година еден пар во Велика Британија поминал месец дена во затвор откако биле забележани како се бакнуваат во ресторан.
6. Дубаи има затворено скијалиште, ама тоа многумина веќе го знаат. Меѓутоа, помалку познатиот Мадинат Јумеира е огромно одморалиште со два хотели,29 викендици,40 ресторани и такси бродови кои луѓето ги превезуваат низ вештачките канали исполнети со приридна морска вода.
7.Во Бурж ел Араб, хотел каде ноќевањето изнесува 2000 долари и кој е изграден на вештачки остров, гостите на располагање имаат и сопствен батлер кој е достапен 24 часа на ден.
8.Терминалот 3 на аеродромот во Дубаи е најголем аеродромски терминал на светот и друга најголема зграда на светот кога е во прашање просторот. Аеродромот поседува комплетен хотел и две зен градини.











