Се надзира ли крај за евтините порачките од Тему и сличните кинески онлајн продавници во Македонија? Во Собранието на дневен ред за усвојување по локалните избори чека предлог-закон од Владата за измени на Законот за додадена вредност, со кој се планира да се укине ослободувањето од плаќање ДДВ за производите од странство во износ до 22 евра. Тоа ќе значи автоматско поскапување на сите нарачки за 18 проценти, колку што е стапката за ДДВ.

„Исто така се пропишува ослободување од плаќање данок на додадена вредност за добра пратени како мали пратки од некомерцијална вредност, од физичко лице на физичко лице, чија вредност не надминува 22 евра. Ослободувањето не се применува за алкохол и алкохолни пијалаци, парфеми и тоалетна вода и тутун и преработки од тутун“, се наведува во предлог-законот. Откако ќе помине, законот влегува во сила осмиот ден од денот на објавувањето во „Службен весник“.

Кој се ослободува од плаќање ДДВ?
Во предлог-законот се наведува дека при увоз на добра од плаќање ДДВсе ослободуваат патници кои доаѓаат од странство, за предмети наменети за нивни лични потреби за време на патувањето во странство (личен багаж), а кои не подлежат на какви било важечки ограничувања или забрани.

Исто така се ослободуваат од екстра плаќање домашни патници, за други предмети со мала вредност покрај предметите од личниот багаж, кои ги внесуваат од странство, а кои не се од комерцијална природа. Ослободување има и за за лекови за лична употреба што патниците ги носат со себе или ги добиваат во пратки од странство, како и за лични предмети кои ги наследиле надвор од земјата. Ослободување од плаќање ДДВ има и по други основи.

Пазарувањето од евтините онлајн продавници како Тему, Шејн, Али експрес доживува вистински бум во Европа, но и во Македонија. Анализите на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија – АЕТМ неодамна покажаа дека во првата половина од 2025 година вредноста на вкупните трансакции направени кон е-продажни места од Македонци дома и во странство, како и од иматели на странски картички изнесува 456.3 милиони евра, што преставува пораст од 34.3% во однос на истиот период минатата година.

Извор:dw