Мал авион, кој денеска полета од аеродромот во Бања Лука, а чија дестинација беше Салцбург, Австрија, се урна недалеку од аеродромот. Во оваа несреќа загинал пилотот, пренесува Независне новине.
Според австриските медиуми, во авионот имало само пилот, а полетал од аеродромот во Бања Лука. Според информациите на flightaware.com, последниот контакт со авионот бил остварен во 55. минута од летот, некаде над Халег во Корушка. Тој требало да слета во Зел ам Зе, во Салцбург во 12:48 часот.
– Сите спасувачки екипи пристигнале на местото на настанот – изјави командантот на противпожарната бригада Клаус Портенкирхнер. Тој додаде дека несреќата се случила на самиот приод кон аеродромот. Авионот застанал на блиската ливада и немало пожар. Не се познати точните околности на несреќата, како и националноста и возраста на пилотот.
– Тоа е мал, лесен авион. Несреќата се случила на ливада до аеродромот. Во авионот имало само едно лице – повтори тој.