Еден од најдарежливите крводарители во светот, кој спасил 2,4 милиони бебиња, почина на 88-годишна возраст, објави австралиски 7NEWS.
Џејмс Харисон, австралиски дарител на крв кој донирал плазма повеќе од 1.100 пати во текот на својот живот, починал во дом за стари лица во Нов Јужен Велс, Австралија на 17 февруари, објави неговото семејство во понеделникот.
Харисон почнал да донира плазма во 1954 година, кога имал само 18 години, и продолжил редовно повеќе од шест децении додека не наполни 81 година.
Со текот на годините, тој дарувал крв приближно на секои две недели, правејќи вкупно 1.162 донации, со што го добил прекарот човекот со златна рака.
Heговата крв содржела ретко антитело, познато како Анти-Д, кое се користи за правење лек за трудници чија крв може да ги нападне нивните неродени бебиња.
Харисон решил редовно да донира крв откако примил повеќекратна трансфузија на крв на 14-годишна возраст за време на операцијата на белите дробови.










