Светот не треба да се плаши од Сирија, изјави лидерот на бунтовниците за Sky News.

Лидерот на групата Хајат Тахрир ал Шам (ХТС), која го собори режимот на Башар ал Асад во молскавична офанзива, изјави за Скај њуз дека светот не треба да се плаши од новата сириска влада.

Во своето прво обраќање до западните медиуми, Абу Мохамед ал Џолани рече дека „нема да има враќање на паниката“.

Запрашан каква е неговата порака до странските земји, водачот на бунтовниците рече дека „нивните стравови се непотребни, ако даде Господ“.

„Земјата ќе биде обновена. Луѓето порано се плашеа од режимот – сега земјата се свртува кон развој и реставрација, се движи кон стабилност“, рече тој.

Тој исто така рече дека сирискиот народ е „исцрпен од војна“ и не е подготвен за нова.

„Изворот на нашите стравови се иранските милиции, Хезболах и режимот кои ги извршија масакрите што ги гледаме денес. Затоа нивното отстранување е решението за Сирија. Нема да дозволиме враќање на паниката“, рече тој.