Социјалдемократите бираат нов лидер. Гласачките кутии отворени во 8 часот, а ќе се затворат во 20. Во дел од избирачките места кои ги посети ТВ 24, интересот за гласање минимален. Дел од членовите очекуваат партијата да се врати на нозе.

Изборите во СДСМ се одржуваат под сериозни обвинувања за фалсифифат, за дупли гласачи и починати избирачи во Избирачкиот список. Обвинувања кои дојдоа од Славјанка Петровска која ја повлече кандидатурата.каков легитимитет ќе има новиот лидер кој ќе биде избран во процес со вакви обвинувања.

Кандидатот Венко Филипче, кој во трката според дел од СДСМ влезе како фаворит, со оглед на поддршката и близината со екс лицдерот на СДСМ Зоран Заев, без да одговара на новинарски прашања, откако гласаше во својата општинска организација, порача дека добиле уверување од Изборната комисија дека сомнежите се неосновани.

Неговиот против кандидат пак Александар Бајдевски очекува сериозна истрага во партијата и сериозни одговори, особено на случајот со злоупотребата на партиската база. Бајдевски порача дека приортет треба да биде консолидација на партијата.

Јован Деспотовски пак на гласање се појави симболично во 5 до 12, порача дека очекува голем одзив, но и дека констатирал низа забелешки. Односно дека социјадемократи биле враќани од гласање.

Извор:24мк