Седум од вкупно 15 кандидати ги собраа потребните 10.000 потписи за да се кандидираат за претседател на Северна Македонија. Рокот истекува на полноќ, кампањата почнува на 4 април. Сите кандидати веќе почнаа со „загревање“ пред официјалниот старт на кампањата – некои во странство, некои на средби со граѓани, а сите на социјалните мрежи.
Седум кандидати влегуваат во трката за претседател на Северна Македонија на претседателските избори што ќе се одржат во два круга, на 24 април и на 8 мај.
Овие седум кандидати ги собраа потребните по 10.000 потписи за да се кандидираат за изборите. На листата што ја објави Државната изборна комисија(ДИК) има 15 кандидати, но осуммина од нив не успеаја да добијат поддршка.
Рокот за собирање потписи истекува на 8 март на полноќ.
Повеќе на РСЕ










