Околу 350 лекари и 1.400 медицински сестри чекаат вработување додека ветените 1.117 се стопирани. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ меѓусебно се обвинуваат кој ги кочи и дали министерот за финансиии Бесими од ДУИ издал согласност за нив. Вработувањата на медицински кадар имаше само во болницата во Гостивар.

Младиот доктор Александар Веселинов тргна на патот кон прво вработување. Тој е еден од најдобрите студенти на Медицинскиот факултет во Штип, каде дипломираше со просек 9,82, во минатата 2023 година.

Невработени доктори и медицински сестри до 31.1.2024 година
*Извор: Агенција за вработување на Република Северна Македонија

Откако добил лиценца од Лекарска комора, чекал два месеца да го повикаат на т.н „платен стаж“ од шест месеци во државното здравство – обврска што ја има секој млад лекар за да може да запише специјализација.

Претходно, преку разни програми се обучувал во Истанбул и во Хрватска.

Извор:РСЕ