Рускиот претседател Владимир Путин во интервју за американскиот новинар Такер Карлсон внимателно и детално му објасни на Западот зошто Украина не постои и нема да постои, изјави денеска заменикот на рускиот Совет за национална безбедност Дмитриј Медведев.

„Рускиот претседател му објасни на западниот свет на најтемелен и детален начин дека Украина нема и нема да има“, нагласи Медведев.

Медведев го пофали Карлсон што не се плаши да разговара со рускиот лидер.

Во текот на ноќта американскиот новинар објави дискусија со Путин која траеше повеќе од два часа и во која се разговараше за многу теми, меѓу кои конфликтот во Украина, саботажа на гасоводите „Северен тек“, односите меѓу Русија и НАТО и вештачката интелигенција.

Разговорот досега го виделе повеќе од 50 милиони луѓе на социјалната платформа „Х“.

(Vijesti.ba)