Американската војска потврди дека соборила турско беспилотно летало кое дејствувало во близина на американските војници. Инцидентот се случил на север, каде што е во тек турската операција против сириско-курдските сили.

Според првите информации, Американците го собориле Bayraktar TB2, беспилотно летало на турската одбранбена компанија Бајкар. Aмериканското соборување на беспилотно летало на сојузникот на НАТО може да ги ескалира тензиите меѓу Вашингтон и Анкара.

Инаку, САД имаат близу 900 војници во Сирија, кои првенствено се фокусирани на лов на терористите на ИСИС. Стејт департментот засега одби да коментира за пукањето.