Сонцето се надвиснало над местото викано автобуска, а тука горделиво сеуште стои за нас подгорчаните може да се каже историски објект, објект кој своите почетоци ги влече поодамна бидејќи и ден денес ја сочува својата автентичност, и се разбира и својата внатрешност, внатрешност во која се кријат спомени од поодмана од минатото.
Со гордост Ви ја претставуваме берберницата Младост, односно берберницата на Брицо или Берберницата на аџо, чичко, стрико Реџеп Рамаданоски.
Историјата на оваа берберница за која може слободно да се каже дека е најстара па дури и во Македонија, започнува во далечната 1978 година, кога рацете на Брицо за започнаа да ги потстрижуваат и дотеруваат првите подгорчани.
Роден во 1956 година како најмлад во своето десет члено семејство, подтикнат од своите најблиски историјата на своето патешествие како бербер ја започнува во седудесетите со посетата на овој занает во Струга, и некаде на средината на 78 година да биде направена оваа и денешна берберница која и ден денес зборува за својата историја.
Таа и самата за себе зборува и како еден мал историски музеј, во кој ќе ги сретнете сите спомени од минатото, на едно дамнешно време за кое на Брицо нескриено и ама и на онаа постарата генерација ги влече носталгијата за една некогашна држава, ама сепак Брицо не ја отфрла и оваа денешнава си Македонија.
Тука поминале голем број на потстружувања, дотреувања, бричења, ама и голем број на муабети, наседнувања, шегувања и што уште не.
Уште штом влезете како добредојде се чувствува мирисот на лимон, а тоа е онаа познатата колонска вода низ чии раце на Брицо поминале илјадници литри, а истата со своите раце благо и нежно ќе ја нанесе на вашата кожа, за потоа да следи постапката на мало разладување со пешкир.
Лизгајќи го бричот низ образите на еден Подгорчанец,, со своите застарени тенки прсти кои треперат, ама сеуште не се предаваат ни вели : “ова е мојата работа која со ќејф си ја работам,ама таа ми е и како еден вид на секојдневна обврсјка уште од утринските часови“.
За момент како кустос во музеј не шета низ неговите сувенири кои како експонати ги исполнуваат овој мал простор, и ни објаснува кој што представува и од каде доаѓа.
На поличката пред огледалото се наоѓаат оригинал ножички, чешел, брич, четче и други алатчиња со кои Брицо ги започнал своите почетоци, ама сеуште горделиво ги чува, така да оние муштериите од постарата генерација не ни чувствуваат дека поминало толку време, односно како да се заглавиле во минатото.
Секој ден ги очекувам моите редовни муштерии, ама и оние, јалан муштериите, озборуваќите, шегобијците или пак оние љубопитните. За мене сите тие се добредојдени бидејќи така ми поминува денот, не гледајќи колку заработувам бидејќи најчесто ми се случува и повечќе во текот на денот да потрошам откиолку да заработам.
Ова мало просторче во себе крие многу дружења и настани поврзани со нашето секојдневие како и разговори муабети поврзани со политиката за која најчесто знаеме и да си контрираме ама и под нанервираме.
Летото ни е обележано си ширум отворената верата, и малата клупичка поставена покрај прозорецот, оана колку за одмор и чекање на ред. А во зиме, таа е сосема друга приказна, во центарот на оваа наша берберница исправено стои мала печка, на нека стариот чајник (џумче) кој ја тополи водата за нашите гости, муштерии, ама и чајниче за чај. Прозорците замаглени, како густи облаци ама секогаш недоволно силни да го спречат нашето собирање во овој мал ама за нас голем простор, ни вели Брицо.
Ние тука некаде ја завршуваме оваа наша кратка посета на овој за наш ако моќе да се нарече и мал музеј на спомени, озборувања дотерувања потсртижувања. Излегуваме од внатре брицо не поселамува, и посакува повторно да го посетиме. А нам ни префостанува да му посакаме уште многи години да постртижува, бричи и дотерува.









