Започнало дома и продолжи во училницата на блискиот универзитетски медицински центар …
Холандската полиција соопшти дека уапсила 32-годишен маж осомничен откако денеска во Ротердам беа убиени две лица, соопшти полицијата на прес-конференција.

Претходно, градската полиција соопшти дека има жртви во пукотницата, но не го прецизираше бројот. Останува нејасно дали некој друг е повреден. Не е јасно колку луѓе се повредени на секоја локација, иако полицијата соопшти дека се уште трага по жртви или луѓе кои се забарикадирале во медицинскиот центар.

Мотивот на напаѓачот се уште не е јасен, изјави холандскиот главен обвинител на истата прес-конференција.

Полицијата потврди дека се ранети две лица. Агенцијата АНП повикувајќи се на локалните власти на местото на настанот објави дека е повредено и трето лице.

Локалните медиуми јавуваат дека напаѓачот прво отворил оган во куќа или стан, при што повредил две лица, а потоа ја запалил зградата. Портпаролот на полицијата во Ротердам изјави дека осомничениот потоа отишол во локална болница.

На платформата Х беа објавени снимки кои сведочат за моменти на паника во медицинскиот центар Еразмус.