Њузлетер 14.07.2023 – Скопје заглавено во ѓубре, политичарите и институциите заглавени во недоверба. И меѓу два протести на комуналците, административците или буџетарите – нови вести за украинскиот фронт, за самит на НАТО, за балканските евро-атлантски желби… И многу политика и критики за бавни реформи во Северна Македонија.

Верувам – Не верувам

Судовите и Обвинителството имаат најниска доверба кај граѓаните, според последните анкети. Банките и општините котираат највиско на листата. Овие резултати, аналитичарите ги гледаат во отсуството на одговорност и неказнивост во државата, но и во кадровската политика која наградува сервилност и партиска лојалност, а не квалитет.
Јавното обвинителство и судовите и натаму се меѓу институциите во Северна Македонија кои имаат најниска доверба кај граѓаните.

Последната анкета на ИРИ покажува дека над 50 отсто изразиле силна недоверба во овие институции, додека само еден процент рекле дека имаат доверба во нив во голема мера.
Анкетата на ИРИ е спроведена од 8 април до мај на 1208 испитаници. Според анкетата, ниско ниво на доверба имаат и Парламентот, Владата, политичките партии, Државната комисија за спречување на корупцијата, Државната изборна комисија.
Освен од граѓаните, порака со разочарување дојде и од американската амбасадорка во Скопје, Анџела Агелер, која порача дека иако САД вложиле половина милијарда долари за реформи во правосудството, „нема очекуван поврат“.
Во четвртокот и од ЕУ стаса порака. Тројца европски министри дојдоа во Скопје и порачаа: Не е момент за предвремени избори, туку за уставни измени.

Повеќе на РСЕ