Џамијата Захир Бајбарс, која беше затворена во изминатите 225 години, денеска беше отворена за молитва со петочната џума намаз во Каиро и се смета за една од трите најголеми историски џамии во Египет, јавува Анадолија.
Египетската државна телевизија во живо ја пренесуваше церемонијата на отворање и молитвата во џамијата, изградена за време на владеењето на мемлукиот султан Захир Бајбарс во периодот од 1266 до 1268 година.
Во вестите во локалните медиуми беше објавено дека во џамијата Захир Бајбарс за прв пат по 225 години се клањала петочна молитва ( џума намаз).
Џамијата на Захир Бајбарс била затворена за воени цели во 1798 година од Французите кои го нападнале Египет.
Во времето на Мехмед Али Паша бил користен и како фабрика за сапуница, а потоа таму била отворена пекара. Подоцна бил претворен во кланица и за таа цел се користел до 1915 година.
Реставрацијата на овој историски објект ја реализираа Египет и Казахстан.










