Еден од неолибералните класици е аргументот дека приватната иницијатива преку пазарна конкуренција е поефикасна од јавните претпријатија. Тој аргумент е во секоја супа со копар, па кога ќе се исушат најсочните плодови на приватизацијата, време е да се зачини… здравје! За среќа, можеме да погледнеме наназад на успесите на Западот во изминатите 30 години и да видиме како тој аргумент пропаѓа под сопствената тежина.
Конкретно, вчера Би-Би-Си објави1 за недостигот на лекови за терапија за рак во САД. Се разбира, критичната состојба на здравството во САД достигна такво ниво на озлогласеност што стана основа за ТВ серија (запомнете дека Breaking Bad се заснова на идејата професор по хемија да стане нарко бос за да плати за третман на рак).
Но, овој пат се работи за фармацевтски производи, а не за здравствено осигурување (или недостаток од него). Имено, недостигот на лекови е предизвикан од тоа што овие лекови се толку евтини што нивната ниска стапка на профит е недоволна за компаниите да ги произведуваат. Значи, не се работи за скапо производство, недостаток на состојки, па дури и неисплатливост, туку за недоволно профитабилни. Што е доволно за кого? Според Би-Би-Си, овие лекови не носат голем профит.
Како што можеме да видиме, целосното отсуство на хуманост е целосно во согласност со логиката на капиталот. Дури и ако приватната иницијатива е поефикасна (не треба да се заборави фактот дека и јавните претпријатија учествуваат на пазарната размена под исти услови), се поставува прашањето, како ќе опстане ако ги мами своите клиенти?








