Министерството за надворешни работи на Франција денеска ги повика своите граѓани веднаш да ја напуштат Белорусија и препорача да се воздржат од патување во таа земја.

Како што е наведено, поради настаните во Украина и затворањето на белорускиот воздушен простор, Министерството за надворешни работи на Франција советува да не се патува во Белорусија.

На Французите им било советувано да ја напуштат земјата по копнен пат преку Полска, Литванија или Латвија. Оние кои сакаат да се вратат по воздушен пат мора да поднесат барање за виза за напуштање на Белорусија во Министерството за внатрешни работи на таа земја, се наведува во соопштението.

Амбасадата на Бразил исто така ги повика своите граѓани што поскоро да ја напуштат Русија и Белорусија.

Слично соопштение претходно во текот на денот издаде и американската амбасада во Москва.

Да потсетиме, во текот на денот украинските безбедносни сили одржаа уште една воена вежба на границата со Белорусија. На крајот на минатиот месец Киев му испрати на Минск предлог за ненапаѓање. Сепак, претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека во близина на границата со Белорусија има вооружена формација од околу 23.500 луѓе.