Владата на Буркина Фасо објави дека го протерува францускиот амбасадор од земјата. Ова е последица на зголеменото антифранцуско расположение во оваа африканска земја

Буркина Фасо, предводена од новата влада, се обидува да изгради нова надворешна политика за да се ослободи од зависноста од својот поранешен колонијален господар.

Столбот на оваа нова политика е блиската соработка со Русија, министерот за надворешни работи на Буркина Фасо во декември ја посети Москва, каде беа потпишани голем број договори и се создаде добра основа за идна соработка.2

Буркина Фасо е земја распарчена од граѓанска војна меѓу владата и бунтовниците поврзани со Ал Каеда, конфликтот во земјата однесе илјадници животи и внатрешно раселени над 2 милиони луѓе.