Најмалку шест лица загинаle, а уште пет се повредени во сообраќајна несреќа што утринава се случи во Мардин на југоистокот на Турција.

Минибусот се превртел во каналот на патот Мидјат-Омерли, а на местото на несреќата пристигнале надлежните екипи на жандармеријата и брзата помош.

Според првичните информации, шест лица го загубиле животот на местото на несреќата, а пет се повредени.

Повредените се пренесени во болници, а истрагата за причините за несреќата е во тек.

(Vijesti.ba / BHRT)