16-годишно палестинско дете е застрелано и убиено од израелски војник синоќа во окупираниот град Наблус на Западниот Брег, пренесува „Мактуб“.

Според палестинското Министерство за здравство, Ахмед Шехада бил убиен по напад на израелската војска, што резултирало со куршум во срцето.

Покрај тоа, уште четворица Палестинци беа тешко повредени, меѓу кои и една жртва која страдаше од куршум во стомакот и друга со звучна бомба, која му експлодираше на главата.

Заедно со израелските доселеници, големи единици на израелските сили упаднаа во селото со воен булдожер и употребија жив оган, гумени куршуми и солзавец за да ги нападнат палестинските жители.

Израелските окупациски сили нападнаа и палестински возила на болничарите од палестинската Црвена полумесечина, изјавија локалните жители за Вафа, притоа обезбедувајќи заштита на доселениците.

Image

Има пораст на израелските напади на окупираниот Западен Брег во текот на изминатите неколку месеци, заедно со насилството спроведено од доселениците кои дури понекогаш се свртеа против израелските сили.

Само оваа година загинаа над 130 Палестинци, како и најмалку 25 на израелска страна, што наводно ја прави 2022 година најсмртоносна година за Палестинците на Западниот Брег од 2005 година.


„Maktoob“
„Dubai-Portal“