Во Европа е забележан пад од дури 14 отсто на бројот на новородени бебиња, според најновите достапни податоци, а причината за тоа е ни помалку ни повеќе, туку хистеријата наречена ковид.
Споредбата на податоците од јануари 2021 година со бројот на новороденчиња во истиот месец во претходните години покажува пад на наталитетот. Научниците од Швајцарија известуваат дека земјите со најстроги карантини за време на пандемијата и пренаселени одделенија за интензивна нега доживеале најголем пад на бројот на бебиња девет до десет месеци подоцна.
Исто така, научниците веруваат дека стравот поттикнат од Ковид-19, како што е наведено во студијата објавена во списанието „Human Reproduction“, може да доведе до долгорочни последици за демографијата, особено во Западна Европа каде населението старее.
Се чини дека падот на бројот на раѓања девет месеци по почетокот на пандемијата е почест во земјите каде здравствените системи беа во неволја, а болничките капацитети беа недоволни – вели Лео Помар, раководител на истражувањето.
Ова доведе до заклучување и мерки за социјално дистанцирање за да се обиде да ја задржи „пандемијата“. Колку биле подолги карантините, толку помалку бремености имало во тој период, дури и во земјите кои не биле сериозно погодени од таканаречената пандемија.
Научниците веруваат дека стравот на паровите од здравствена и социјална криза за време на првиот бран на Ковид-19 придонел за намалување на бројот на новороденчиња, додека никој сè уште не го измерил падот на интелигенцијата. Литванија и Романија забележаа најголем пад на бројот на бебиња, 28, односно 23 отсто.
Англија и Велс забележаа пад од 13 отсто на бројот на бебиња во јануари 2021 година во споредба со јануари 2018 и 2019 година, додека бројот на бебиња родени во Шкотска падна за 14 отсто.
Шведска, која немаше карантини, но имаше висока стапка на смртност, не доживеа пад на бројот на бебиња, велат истражувачите. Студијата открива дека времетраењето на карантинот е клучен фактор поврзан со падот на бројот на родени деца.
Извор:Нултатачка










