Библиотекарската традиција во Турција се потпира на 900 годишно минато. Првите библиотеки се формирани во времето на првите беглуци и Селџуците во Анадолија, а потоа во времето на Османлиите биле развиени. Во првите периоди на Османлиската Империја библиотеките заземале место во склопот на институции како џамии, турбиња, медреси и имарети. Потоа почнале да се појавуваат библиотеките како одделни институции.

Државната библиотека Бејазит којашто почнала да врши услуга во 1884 година, е првата институционална библиотека на Турција. Во прво време кога била формирана библиотеката на нејзините полици се наоѓало само делото по име „Историја на Наима“ , на познатиот историчар на Османлиската држава Мустафа Наима. Со текот на времето, со делата собрани од текињата, купените книги и подарените документи на библиотеката,  била претворена во богата банка на информации.

Во 1934 година со Законот за собирање и составување на печатени написи којшто е донесен на барање на Ататурк, е доживеан значителен раст во бројот на делата во библиотеката. Веќе еден примерок на секое издадено и печатено дело во Турција мораше да се донесе во оваа библиотека. Државната библиотека Бејазит која денеска со своите над еден милион документи е адреса на историчарите без која се не може, продолжува да се проширува и да врши услуга.