За време на посетата на иранскиот претседател на Катар потпишани биле 14 документи за соработка меѓу Иран и Катар во областа на надворешната политика, радио и телевизија, спорт, транспорт, електрична енергија, стандарди, култура и образование. Документите ги потпишаа министерот за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан, министерот за патишта и урбан развој Ростам Гасеми и министерот за енергетика и претседателот на Мешовитата комисија Али Акбар Мехрабиан. Иранскиот претседател Ибрахим Раиси во понеделникот пристигна на аеродромот во Доха во главниот град на Катар, каде што бил пречекан од шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, емирот на Катар. Раиси присуствува и на 6. Самит на Форумот на земји извознички на гас (ГЕЦФ). „Првата цел е развивање билатерални односи со Катар како пријателска и братска соседна земја, а втората е учество на самитот на ГЕЦФ“, изјавил иранскиот претседател за време на посетата.










