На 2 декември 2021 г., нашиот павилјон во Дубаи го посетија скоро 10.000 посетители (односно точно 9523 лица), а поради Националниот Ден на Обединетите Арапски Емирати и големиот број заинтересирани посетители, Павилјонот беше отворен до полноќ, соопштија од македонската амбасада во Обединетите Арапски Емирати.

 

-Најголемиот дел на посетители, резиденти на ОАЕ од различни Азиски држави, беа заинтересирани за убавините на Република Македонија, туристичките атракции, историјата, културата, религиите, храната, но имаше и од тие кои прашаа и за географската позиција на нашата земја, се наведува во информацијата од амбасадата.

Можно е да е слика од 8 луѓе, луѓе што стојат и внатре

Експото овозможува познавање на Република Македонија и за тие лица од далечните дестинации кои не слушнале каде е оваа држава, но за добрите познавачи, ова е добра можност за туризам и бизнис инвестиции.

Можностите за инвестиции во слободните економски зони, енергетиката и земјоделството се исто така главна точка на заинтересираните страни кои бараат нови визии за развој на нивниот бизнис.

Павилјонот на Република Македонија во Дубаи во четвртокот беше вистинскиот “дом на секој чекор”!

Nova Tv