Швајцарија ги заострува мерките по заканувачкиот пораст на инфекцијата со коронавирус. Сите патници од утре при влез во земјава мора да покажат негативен ПЦР тест. Ова важи и за оние кои се опоравиле и кои биле вакцинирани, соопшти  швајцарската влада. Дополнително, вториот тест, PCR или брз антигенски тест, мора да се изврши помеѓу четвртиот и седмиот ден по влегувањето во земјата. Тестовите мора да ги извршите на ваш трошок.

Правилото не важи за патниците од Лихтенштајн или од соседните региони како што се покраините Тирол и Форарлберг, германскиот Баден-Виртемберг и Јужен Тирол (Италија). Претходно наметнатите регулативи за карантин за голем број земји се укинуваат. Во Швајцарија нашироко се применува правилото 3G, односно пристапот за вакцинирани, реконвалесцентни и тестирани лица. Но, организаторите сега можат да инсистираат на правилото 2G, односно пристап само за оние кои се опоравиле и кои биле вакцинирани. Тогаш не мора да се носат маски. Дополнително, валидноста на брзиот антигенски тест беше намалена од 48 на 24 часа. PCR тестот останува валиден 72 часа. А, условот за носење маска во затворен простор се продолжува кога имаат пристап невакцинирани луѓе, а силно се препорачува работа од дома.

Извор:logicno