Заменик координаторката на пратеничката група во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ побара продолжување на 10-те минути првично дадени како пауза до еден час, откако во законодавниот дом на отворањето на седницата немаше мнозинство.
Недостигаше патеникот, Кастриот Реџепи од Беса кој подоцна се јави на Фејсбук и соопшти дека нема да присуствува на седницата.
Инаку Дафина Стојановски по фејсбук статусот на Реџепи побара продолжување на паузата во Собранието.
Седницата започна нешто по 11 часот, а во салата присутна е опозицијата и претставниците од Владата меѓу кои и премиерот Зоран Заев.
Tv21









