БАГДАД (АА) – Во Багдад, главниот град на Ирак, избувнаа судири меѓу безбедносните сили и стотици луѓе кои се собраа пред Зелената зона во Багдад, кои сметаат дека изборните резултати не се регуларни, јавува Агенција Анадолија (АА).

Демонстрантите се собраа пред влезот на Зелената зона во обид да влезат во зоната.

Безбедносните сили употребија солзавец за да ги растераат демонстрантите и отворија оган во воздух. Од друга страна, група демонстранти со камења нападнаа воени возила.

Се наведува дека меѓу демонстрантите има и повредени.

На општите избори одржани на 10 октомври во Ирак, коалицијата „Ал Фатах“, која е блиска до Иран, откако остана со 14 пратенички места, поднесе жалби за изборните резултати.

Поддржувачите на коалицијата и шиитската милиција, исто така, со денови организираат протести пред Зелената зона.

Anadolu Agency