МАДРИД (АА) – Катарскиот фудбалски клуб Ал Сад соопшти дека Барселона ја платила потребната отштета за нивниот тренер Чави Ернандез да биде ослободен, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението објавено на профилот на Ал Сад на Твитер се наведува: „По исплатата на предвидената казна, постигнат е договор околу заминувањето на Чави во Барселона.“
Потенцирајќи дека Чави е важен дел од историјата на Ал Сад и посакувајќи му на шпанскиот тренер успех во кариерата, катарскиот клуб истакна дека соработката со Барселона ќе продолжи и во иднина во рамките на постигнатиот договор.
Се очекува Барселона во текот на денот да излезе со официјално соопштение за назначувањето на Чави Ернандез за нов тренер на екипата.
Каталонскиот тим на 28 октомври привремено го назначи Сержи Бархуан, на местото тренер испразнето од Роналд Куман.
Чави Ернандез, како фудбалер играше 17 години за Барселона. Летото 2015 година се трансферира во катарскиот тим Ал Сад.
Ернандез, својата фудбалската кариера ја заврши откако четири сезони играше во тимот на Катар. Последните две сезони работи како тренер.
Шпанските медиуми истакнаа дека Барселона платила 5 милиони евра за Ал Сад да го ослободи Чави Ернандез.
Чави Ернандез (41) за првпат ќе биде тренер на една екипа надвор од Катар. Се очекува да потпише договор со Барселона во траење до 30 јуни 2024 година.
Anadolu Agency










