Европската фудбалска федерација (УЕФА) сериозно ја разгледува можноста за укинување на забраната за употреба на пиротехнички средства во натпреварувањата под нејзина надлежност.
Според грчките медиуми, УЕФА е многу блиску до донесување на одлука со која нема да ги казнува екипите кога нивните навивачи ќе употребат пиротехнички средства на стадионите.
Old school football! Η UEFA αποφάσισε να επιτρέψει τα PyroShows και τα καπνογόνα σε Champions & Europa League. Η εφαρμογή αναμένεται να ξεκινήσει πιλοτικά ίσως και μέσα στον μήνα. Ολες οι λεπτομέρειες #Pyroshow #UEFA https://t.co/1aI0EApyk2
— Nikos Kotsis (@Nikos_Kotsis) October 19, 2021
Предлогот кој се разгледува и најверојатно ќе биде одобрен е пиротехничките средства да се користат со почитување на строгите и безбедносни правила и тоа на однапред одреден сектор на трибините.
Причина за евентуалното донесување на ваква одлука се големите казни кои ги плаќаат клубовите поради пиротехничките перформанси на нивните навивачи кои не се откажуваат од својата традиција.
Поради тоа, челниците на УЕФА сметаат дека компромисот е најдобро решение, кои сигурно би им се допаднало на навивачите.
„Sloboden pecat“









