Пожарот што избувна на брод со контејнери на пристаништето „Џебел Али“ во Дубаи е ставен под контрола, соопштија властите рано денес, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Не се пријавени жртви во пожарот, кој е предизвикан од експлозија“, се вели во соопштението на Канцеларијата за медиуми во Дубаи (DMO).
Оттаму се додава дека се преземени сите потребни мерки за да се осигури продолжување на нормалниот проток на бродовите, без никакви прекини.
Се претпоставува дека експлозијата можно е да е предизвикана од триење или од високите температури за време на жешките летни месеци.
„Anadolu Angecy“









