Соединетите Држави воведуваат санкции против турската државна институција и четворица службеници заради врски со рускиот одбранбен сектор, се вели во соопштението во официјалното издание на американската влада, на Федералниот регистар.
Известувањето ќе стапи на сила на 7 април. Администрацијата на Турската одбранбена индустрија (ССБ), како и четворица официјални лица кои работат во неа, вклучувајќи го и нејзиниот водач Исмаил Демир, се најдоа под санкции. Санкциите се воведени според Законот за сузбивање на американските противници на САД (CAATSA).
Во текстот на известувањето не се споменуваат руски противвоздушни ракетни системи С-400, за чија набавка САД се заканија со санкции против Турција. За ССБ, санкциите би значеле забрана за извоз на САД и заеми од над 10 милиони долари. На четворицата претставници на турската влада ќе им биде забранет влез во Соединетите држави, нивниот имот, кој може да биде под јурисдикција на САД, ќе биде блокиран, а на Американците ќе им биде забрането да вршат какви било трансакции со нив.










