Колеџот „Јахја Кемал“, училиште поврзано со терористичката организација ФЕТО, што работи во областа на образованието во Северна Македонија, ја загуби тужбата поднесена за надоместок за нанесена нематеријална штета против Хусрев Емин, претседателот на Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ), јавува Агенција Анадолија (АА).

Во случајот што го водеше Основниот суд Скопје, судскиот одбор ги отфрли сите обвинувања и тврдења подигнати против Емин од страна на училиштето поврзано со ФЕТО, сметајќи ги целосно за неосновани.

Судот донесе одлука со која на колеџот „Јахја Кемал“ му се наложува да ги плати судските трошоци, а тужителот има право на жалба во рок од 15 дена.

Говорејќи за Агенцијата Анадолија, Емин изјави дека колеџот „Јахја Кемал“ поднел тужба против него поради изјавата што ја дал на панелот по повод 60-годишнината од смртта на Јахја Кемал Бејатли, што се одржа на Универзитетот „Визион“ во Гостивар во 2018 година, како дел од одбележувањето на 21 декември, Денот на наставата на турски јазик.

Емин, потсетувајќи дека има изјавено „дека ги вознемирува употребата на името на Јахја Кемал од страна на терористичките училишта на ФЕТО, дека ги повикува сите институции и сите релевантни места да го сторат тоа што е потребно на правните и на другите полиња за да се спречи употребата и да не се валка името на Јахја Кемал“, рече дека училиштето на ФЕТО во февруари 2019 година испратило писмо до него.

Емин рече дека колеџот „Јахја Кемал“ во писмото барал „извинување“ од него поради „клевета и нарушување на угледот“ и додаде дека откако одбил да одговори, колеџот поднел барање за надоместување на нанесена нематеријална штета во висина од 600.000 денари (околу 10.000 евра).

Нагласувајќи дека судскиот процес траел околу 3 години, Емин рече дека одлуката им била пренесена на странките во писмена форма и обвиненијата против него биле целосно отфрлени со образложение дека се неосновани.

Нагласувајќи дека на главната расправа, според изјавата на тужителот, колеџот „Јахја Кемал“ претрпел сериозна штета во текот на целиот овој процес, Емин рече дека тужителите рекле: „Поради големото влијанието врз јавноста до кое дојде особено по изјавата на Хусрев Емин, ги затвораме училиштата во Гостивар и Струмица“.

Нагласувајќи дека од 2013 година, по настаните од 17 до 25 декември, ќе ја продолжат борбата против ФЕТО, како МАТУСТЕБ, лично или преку другите институции што ги претставува, Емин истакна дека тие и во овој момент ја продолжуваат својата борба до крај, без компромис, и додаде:

„Освен на турската заедница, ние особено се обидуваме и на албанската и другите заедници да им објасниме што е ФЕТО и во секоја можност се трудиме да им покажеме каква опасност претставува и каква ситуација може да доведе во иднина. Покрај тоа, од ноќта на 15 јули, и MAТУСИТЕБ и сите здруженија, членки на организацијата, безусловно, зазедоа јасен став и застанаа покрај демократски избраната власт на Турција. Покажаа бескомпромисен став против ФЕТО и организираа стража за демократијата.“

– ФЕТО го загуби и судскиот случај против АА

Во меѓувреме, судскиот процес што весникот „Заман Македонија“, поврзан со ФЕТО, кој делува во Северна Македонија, го поднесе против Претставништвото на Агенција Анадолија во Скопје, каде е центарот за објавување вести на македонски и албански јазик, во ноември 2019 година заврши со пресуда во корист на АА.

Иако е познато дека институциите поврзани со ФЕТО во Северна Македонија загубија и други случаи поднесени против поединци или институции, се дознава дека бројни судски процеси сè уште траат.