Голем пожар избувна денес во новата зграда на Универзитетската болница во Истанбул, која во моментов не е во употреба, бидејќи градежните работи се уште траат.

Според прелиминарните извештаи, изолациониот материјал се запалил за време на работата на покривот на седумкатната зграда.

Според РТ, никој не бил повреден во инцидентот, работниците биле навремено евакуирани, но постои загриженост за штетите што може да ги предизвика загадувањето на воздухот на тоа подрачје.