ЏАКАРТА (АА) – Индонезија ги осуди изјавите на францускиот претседател, Емануел Макрон, кои содржат навреди кон исламот, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за надворешни работи на Индонезија, Теуку Фаизасјах, истакна дека го повикале во Министерството амбасадорот на Франција во Џакарта, Оливиер Шамбар, и побарале објаснување за изјавите на Макрон во врска со исламот.
Фаизасјах нагласи дека на средбата ги осудиле изјавите на Макрон кои содржат навреди кон исламот.
Меѓу другото, Масдуки, гласноговорникот на потпретседателот на Индонезија, Мааруф Амин, рече дека Амин изразил жалење поради изјавите на Макрон и дека е загрижен поради најавите дека ќе се продолжи со исламофобичен наратив.
Anadolu










