ТРАБЗОН (АА) – Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјавувајќи дека ниту една западна земја нема право да ја критикува ниту да и приговара на Турција во полето на зачувување на историските споменици, подвлече дека на подрачјата од кои Османлиите се повлекле пред еден век, буквално е извршен културоцид, јавува Агенција Анадолија (АА).

Ердоган преку видео-конференциски линк денес присуствуваше на церемонијата на отворање на втората етапа од рестарвацијата на манастирот Сумела во Трабзон и реставрираната џамија Аја Софија, исто така во Трабзон.

Потсетувајќи дека манастирот Сумела претставува еден од најзначајните симболи во промовирање на Турција, Ердоган порача дека овој споменик со историја од околу 1.600 години успешно е сочуван до денес.

„Овој споменик својот златен период го живееше во 19.век. По руската окупација е испразнет. За жал, некои делови на овој преубав споменик се однесени во Грција 1930 година. Но, ние го сочувавме овој споменик, како и секоја вредност во нашата земја“, изјави Ердоган.

„Наша цел никогаш не беше да срушиме, уништиме или срамниме со земја, напротив секогаш се трудевме да градиме, подигаме и оживуваме“, изјави Ердоган и додаде:

„Да бевме нација која ги имаше за цел симболите на други вери, манастирот Сумела, кој е во наши раце пет века, не би постоел денес“.

Ердоган нагласи дека на подрачјата од кои Османлиите се повлекле пред еден век, буквално е извршен културоцид.

„Огромно мнозинство од деловите наследени од нашите предци или се срушени, или запалени или осудени на исчезнување. Фактот дека во град на Балканот, кој пред 100 години го оставивме со вкупно 300 џамии, преживеа само една џамија, најдобро покажува каде кој стоел. Во контекст на заштита на историските споменици, ниту една западна земја нема право да приговара или да ја критикува Турција, ниту треба да чувствува нелагодност што повторно ја отворивме Големата џамија Аja Софија (Ayasofya-i Kebir Cami-i Şerifi), за онаа цел во која е претворена уште во 1453 година“, изјави Ердоган.

Тој порача дека работите на рестарвација на историскиот манастир се најдобар показател за односот на Турција кон различните цивилизации.

„Ова е конкретен пример како Турција се однесува кон различните цивилизации на ова подрачје. Работата која ја направивме на рестарвација на овој манастир денес им ја претставуваме посебно на оние кои ја критикуваат нашата земја“, порача Ердоган.

На церемонијата на свечено отворање на реставрираниот манастир Сумела, кој од од 2000. година се наоѓа и на тентативната листа на светско наследство на УНЕСКО, присуствуваа турскиот Министер за култура и туризам Мехмет Нури Ерсој, гувернерот на Трабзон, Исмаил Устаоглу и други официјални претставници и гости.

– Рестарвација на манастирот Сумела

Проектот на рестарвација на манастирот Сумела траеше последните пет години и во тој период оваа туристичка атракција беше затворена за посети.

Во рамките на проектот, отстранети се камењата кои претставуваат опасност за посетители, а во делови од камењата кои ги одредија експертите поставена е челична жичена мрежа, со што оваа локација е доста обезбедена. Исто така, извршена е рестарвација на внатрешниот дел на објектот, а направени се и патеки кои водат до самиот манастир.

Во историскиот манастир „Сумела“ на 15 август 2010 година за првпат се одржа богослужба по 88-годишна пауза на која присуствуваа голем број православни христијани.

Литургијата одржана по повод „Успение на Пресвета Богородица“ ја предводеше екуменскиот цариградски патријарх Ватроломеј.

Во манастирот литургија се одржуваше на 15 август секоја година до 2016 година, кога истиот беше затворен поради реставрација. Ердоган денес најави дека сите христијани на 15 август ќе можат повротно да го извршат Успение на Пресвета Богородица, кое досега поради рестарвацијата беше оневозможено.

– Манастирот „Сумела“

Манастирот „Сумела“, познат и како манастир „Дева Марија“, во турската област Мачка, во Трабзон покрај Црното Море, се наоѓа во пошумената област на околу 300 метри над долината „Алтиндере“, на падините на Црна Гора (Karadağ).

Многу делови од манастирот биле реновирани во 18. век, а некои од нејговите ѕидови биле украсени со фрески. Во 19. век, со додавањето на новите големи објекти, манастирот се здобил со прекрасен изглед и го доживеал најбогатиот период. Во тој период манастирот ја добил конечната форма и станал место кое е значајно од историски и културен аспект, а во исто време и туристички атрактивно.

Главните делови на манастирот се црквата на главната карпа, неколку параклиси, кујна, студентски соби, куќа за гости, библиотека. Овие структури се протегаат на многу голема површина. На влезот на манастирот се наоѓа голем аквадукт преку кој се носело вода. Скалите пред влезната врата на манастирот се тесни и долги. Лево, пред пештерата има различни манастирски објекти. Десно е библиотеката.

Фреските во параклисот датираат од почетокот на 18. век и може да се види дека се направени од три слоја во три одделни периоди. На фреските прикажани се теми од Библијата од животот на Исус и Дева Марија.

Манастирот Сумела се нарекува и „проколнат“ поради маглата која во утринските часови манастирот го прават таинствен, убав, но и прилично застрашувачки.

Anadolu